Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија

Објавено December 1, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот.

Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли.

Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал.

Гувернерот одржа и работни средби со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.

Посетата беше во организација на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елизабет Холмс ја посети семејството за Денот на благодарноста додека е во затвор
Следна Статија Четири лица загинаа, десет повредени на роденден во Калифорнија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија2025 доделува 20 стипендии за петтиот Охрид камп за високо-технолошка извонредност

Македонија2025 информира дека е отворен повик за доделување на 20 стипендии за петтиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност,…

February 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

OpenAI партнерите се нагрупираат за да обезбедат 100 милијарди долари долг за да ги финансираат своите амбиции

Компаниите во облак и развивачите се потпираат на компанија со загуба за да ги вратат огромните заеми

November 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска, дизелот поевтинува за четири денари

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува…

May 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Интензивно се работи на трите автопатски делници

Интензивно се работи на трите автопатски делници во Македонија и тоа Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар –…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?