Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

Објавено October 22, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари.

-Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намелана за 965,00 денари, велат од ССМ.

Според нив, ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија.

Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат  подобри, имајќи предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа превземени од Синдикалната минимална кошница која ја подготвува ССМ, а за кои го имаат движењето на цените во секој месец од почетокот на годината. Од ССМ сметаат дека се потребни поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Украинците со дронови нападнаа фабрики за алкохол во Русија, објавени се снимки
Следна Статија Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Проверете си ги сметките, почна исплатата на „Мој ДДВ“

Започна исплатата на Мој ДДВ за третото тромесечје од годинава.  Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Лани сме имале повеќе компир, краставици, јаболки и цреши, а помалку ориз и сончоглед

Во 2024 година во земјава биле регистрирани 506 586 хектари обработлива површина, соопшти Државниот завод за статистика. Кај обработливата површина…

March 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Уставниот суд поведе постапка за Законот за данок на солидарност

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Законот за данок на солидарност. Судот во оваа фаза од…

November 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кампања на владата – купувај домашни земјоделски производи

Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?