Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?
МАКЕДОНИЈА

Газда Деко: Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ?

Објавено December 2, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Првообвинетиот сопственик на клубот „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, денеска за првпат говореше пред судот и пред семејствата на загинатите во трагедијата. Тој изјави дека девет месеци се наоѓа во притвор и повторно ја спомна кобната вечер, но неговите тврдења не беа прифатени од присутните.

Јованов нагласи дека, како сопственик, не би дозволил во клубот да постојат пропусти, тврдејќи дека секогаш се грижел за безбедноста на посетителите.

„Зарем сериозно мислите дека ако знаев дека фали нешто, не би презел сѐ? Имам пораснато десетина генерации, сите знаат како се грижев за безбедноста“, рече Јованов низ солзи.

Тој спомена и дека и неговото семејство имало загуби и повредени.

„И ние во нашата фамилија имаме починато и едно повреден, и затоа ја носиме истата болка што и вие ја носите.“

Ова предизвика незадоволство кај присутните родители, кои му дофрлија:

„Ништо не знаеш!“

Во своето обраќање, Јованов се обиде да го одбрани и третотообвинетиот Михаил Јованов, прашувајќи зошто тој воопшто е опфатен со обвинението.

„Михајло немаше обврски поврзани со клубот, имаше сопствена фирма и не беше вклучен во неговото функционирање“, изјави тој.

Настанот повторно ги отвори прашањата околу одговорноста и пропустите кои доведоа до трагедијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азија подготвена за претпазлив почеток пред зафатена недела со податоци
Следна Статија Трамп вели дека знае кој ќе биде нов претседател на Федералниот резервен систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени вчера од скопската градоначалничка Данела…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра

Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајжи…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите

Република Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор,…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поранешната Стоковна куќа во Радовиш ќе стане културен центар со музеј

Премиерот Мицкоски на Фејсбук најави нов проект-реконструкција и пренамена на поранешната Стоковна куќа во современ мултифункционален и културен центар со…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?