Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план
СВЕТ

Кремљ: Неточни се тврдењата дека Путин го отфрлил американскиот мировен план

Објавено December 3, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Тврдењето дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил американскиот мировен план за Украина би било неточно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Еден дел од точките на планот за Украина се прифатени за време на разговорите меѓу Путин и Виткоф, дел е означен како неприфатлив. Тоа е работен процес, рече Песков и додаде дека колку повеќе преговорите се водат во тишина, толку ќе бидат попродуктивни.

Тој соопшти и дека Русија се надева оти американската страна ќе се придржува до принципот на тишина за време на преговорите за решение.

Портпаролот на Кремљ додаде дека е можен телефонски разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. „Телефонски разговор е можен во секој момент. Постои можност да биде оперативно организиран“, рече Песков.

Вчерашниот разговор меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен, изјави претходно советникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека разговорот „не траел пет минути, туку пет часа“.

Разговаравме за неколку опции за ставање крај на војната во Украина. Се договоривме со американските колеги да не ја откриваме содржината на преговорите. Разговорот беше доверлив, рече Ушаков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во ноември отстранети 1500 кубни метри отпад од диви депонии
Следна Статија Момчиња од Јурумлери криеле пиштол во кола, полицијата ги приведе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Путин: Русија е подготвена да им обезбеди нафта и гас на европските земји

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да им обезбеди нафта и гас на европските земји, истакнувајќи дека…

March 9, 2026
СВЕТ

Германски компании лани во Русија испорачале над 300 машини за производство на воена опрема

Германија во 2023 година испорачала повеќе од 300 машини коишто може да се користат за производство на воена опрема во…

October 12, 2024
СВЕТ

Британски милијардер: Трамп има неколку часа да ја исправи огромната грешка со царините

Ричард Бренсон, британскиот милијардер и сопственик на авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“, остро ја критикуваше американската влада за ненадејното воведување нови царини,…

April 8, 2025
СВЕТ

Израелците масовно купуваат храна и вода: се подготвуваат за иранска одмазда

Репортерот на Би-Би-Си од Ерусалим известува дека Израелците масовно почнале да купуваат храна и вода, а полиците во супермаркетите брзо…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?