Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Евзони блокиран- протестираат грчките земјоделци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Евзони блокиран- протестираат грчките земјоделци
БАЛКАН

Евзони блокиран- протестираат грчките земјоделци

Објавено December 3, 2025 13:55
Сподели
Сподели

Земјоделците од северниот дел на Грција, од регионот на Пеонија, кусо по 12 часот по локално време повотрно го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што целосно е во прекин сообраќајот за сите возила како за излез од Грција, така и за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Непознато е колку долго ќе трае блокадата на граничниот премин, што беше периодично затворен и вчера и завчера.

Пракса на земјоделците, како и во изминатите години за време на нивните протести, е да не ги најавуваат блокадите, со оглед на тоа што тракторите и земјоделските возила се паркирани на преминот и остануваат таму, а на секојдневни состаноци, надлежните земјоделски комисии одлучуваат кога и на колку време ќе блокираат.

На грчката страна од границата, паркирани се околу 150 трактори и возила.

Земјоделците низ цела Грција имаат поставено блокади, претпладнево се обидоа да стигнат и до граничниот премин Промахонас со Бугарија, каде што успеаја да ја заобиколат полициската блокада, додека пак во областа Тесалија, каде што има блокади на неколку места на автопатот Солун-Атина, вклучени се над 4.000 трактори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Noem reveals sweeping travel ban plan after meeting with Trump – Axios
Следна Статија Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд

Граѓаните кои викендов ќе патуваат кон грчките туристички места, особено кон Халкидики, треба да бидат подготвени за изменет режим на…

June 25, 2026
БАЛКАН

Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница

Во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари денеска се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули…

July 11, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Ќе продолжиме да се вооружуваме за да не се повтори ниту 1995, ниту 1999 година

„Ние не ја гледаме Хрватска како непријател, но сериозно се вооружуваме и ќе продолжиме да го правиме тоа за да…

November 29, 2024
БАЛКАН

(Видео) Санацијата на старата канализација откри тајни премини на Дубровничка Република

Реновирањето на канализацискиот систем стар повеќе од 500 години под историското јадро на Дубровник, вредно нешто повеќе од еден милион…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?