Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик
ЕКОНОМИЈА

Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик

Објавено October 22, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој месец.

Како што рече денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, по завршувањето на есенската кошничка Владата ќе излезе со официјални податоци и за заштедата по оваа основа.

-Со училишната кошничка намалувањето на цените на производите беше околу 20 – 50 отсто или во просек од 25 до 30 проценти. Заштедата по ученик е 750 – 2 000 денари. По завршување на есенската кошничка ќе излеземе со официјален податок колкава е заштедата на една просечна фамилија за основните прехранбени и земјоделски производи, потенцира Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Училишната кошничка беше воведена на 3 септември како економска мерка, а опфати школски чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеарни и дидактички материјали,… Целта беше продажба на овие производи по прифатливи цени за потрошувачите.

Есенската кошничка беше објавена на 20 септември, а треба да трае до 31 октомври. Се однесува на ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогург, млечни производи, зеленчук и овошје,…

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски од Солун: Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа
Следна Статија Просечната нето-плата во август 41 097 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти

Месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти кога ќе се споредат месеците октомври и септември, рече денеска премиерот…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

По 17 години пауза од март повторно директна авиолинија од Скопје до Амстердам

Од март ќе биде воведена директна авиолинија од Скопје до Амстердам. Аеродромот „Шипхол“ и скопскиот аеродром ќе бидат поврзани со…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со 11 најголеми француски компании: Ги имаме најдобрите услови за инвестирање

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори…

June 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со Оперативниот план ќе се вработат 400 пожарникари за справување со пожарите

Оперативниот план 2025, насловен „Визија за промена“, предвидува мерки кои ќе ја трансформираат Македонија и ќе го подобрат животот на…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?