Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадинов: Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело за набавката на електричните автобуси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадинов: Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело за набавката на електричните автобуси
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело за набавката на електричните автобуси

Објавено December 4, 2025 15:30
Сподели
Сподели

Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, објави поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, на неговиот фејсбук профил.

Според него, проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес, во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица со јасни насоки за формирање Јавно сообраќајно претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот.

-Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса, напиша Костадинов откако денеска од МВР беше соопштено дека му е поднесена кривична пријава за набавката на електричните автобуси.

На крајот Костадинов додава дека не би сакал да дава политички коментар.

МВР денеска поднесе кривична против поранешниот градоначалник Костадинов и уште пет лица за злоупотреба на постапка за јавна набавка за електрични автобуси.

– СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, против Д.П.С.(61) од Струмица, К.Б.(37) од Богданци, Л.Ј.(63) од село Ново Село, струмичко и Л.Ѓ.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.П.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека помогнал во извршувањето на кривичните дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој трети граѓанин во земјава дал мито
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Разрешен судијата Енвер Беџети, кој со Артан Груби заврши на „црната листа“ на САД

Судски совет го разреши Енвер Беџети, судијата кој чуваше предмети на Сашо Мијалков во фиока за да застарат. Тој повеќе…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител

Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера се’ почесто се сведува…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение

Министерката за образование и наука Весна Јаневска синоќа во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?