Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 3,8 отсто во третиот квартал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > (ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 3,8 отсто во третиот квартал
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 3,8 отсто во третиот квартал

Објавено December 5, 2025 16:57
Сподели
Сподели

Она што во изминатата година и половина го работевме напорно со главна цел реструктуирање на економијата, денеска ги дава своите резултати. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, реалниот раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8 отсто. Ова претставува дополнително забрзување на економската активност, по растот од 2,9 отсто во првиот и 3,5 отсто во вториот квартал годинава. Притоа, растот од 3,8 отсто е еден од највисоките во последните неколку години. Во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, согласно податоците за третиот квартал за 2025 година, Македонија е на трето место по раст на БДП, при што повисок раст е забележан во Ирска и Данска, соопшти на денешната прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа информира доколку споредуваме со земјите од регионот, за третиот квартал од 2025 година, растот во Србија изнесува 2,0 отсти, во Црна Гора 3,1 отсто, во Хрватска 2,3 отсто, во Бугарија 3,1 отсто, во Романија 1,2 отсто итн. Кумулативно, растот во првите три квартали годинава изнесува 3,4 отсто.

– Главниот двигател на растот во третото тримесечје беа бруто инвестициите, кои се зголемија за исклучително високи 30,6 проценти, пред се како резултат на силниот раст на инвестициите во основни средства. Со ова, од аспект на инвестиции, ова тримесечје е едно од најуспешните од кога се мери економската активност на земјата. Податоците за растот на инвестициите се најдобар показател за високата доверба на инвеститорите во домашната економија. Дополнително, податоците потврдуваат дека силната посветеност на Владата во изминатиот период за инвестиции во нови производни капацитети и зголемување на конкурентноста на компаниите даде исклучително позитивни резултати, рече министерката за финансии во Медиа центарот во Владата.

Според неа, високиот раст на инвестициите во овој период доаѓа како комбинација на неколку позитивни трендови во економијата. Притоа, се истакнува придонесот на инвестициската активност на домашните претпријатија, имајќи ја во вид високата искористеност и заинтересираност за поволната кредитна линија обезбедена од Владата.

–Важен придонес кон растот на инвестициите имаше и силната посветеност на Владата на капиталните инвестиции и оптимизацијата на нивните трошоци, динамика, и услови за градба. Оптимизацијата на капиталните инвестиции значеше и интензивирана реализација на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, како што се коридор 8 и 10. Дополнително, значаен двигател на бруто-инвестициите беше и поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел порамномерен регионален развој и унапредување на животот на граѓаните. Сумарно, ваквиот позитивен тренд кај инвестициите укажува на исправноста на Владините политики, дури и во исклучително предизвикувачки период за глобалната економија, рече Димитриеска-Кочоска.

Освен инвестициите кои се главниот двигател на растот во третиот квартал, позитивен придонес кон растот имаше и финалната потрошувачка со раст од 1,8 отсто.

– Доколку се анализира БДП од производна страна, раст е забележан во сите сектори, при што особено се истакнува силниот раст во Градежништвото од 21 отсто. Притоа, особено изразен е растот кај нискоградбата, која во третото тримесечје годинава се зголеми за исклучително високи 58,5 отсто, реален раст каков што во македонската економија не е забележан во последната деценија. Ваквиот раст кај градежништвото и нискоградбата е во линија со податоците за бруто-инвестициите, и претставува дополнителен показател за откочувањето и интензивирањето на капиталните инвестиции во големи инфраструктурни проекти. Освен градежништвото, раст во овој квартал бележат и останатите сектори. Притоа, услугите бележат раст од 2,9 отсто, при висок раст кај Информациите и комуникациите од 7,4 отсто, Стручните, научните, и техничките дејности од 6,1 отсто, како и Трговијата и транспортот од 2,6 отсто. Истовремено, Индустријата се зголеми за 1,3 отсто, при раст на Преработувачката индустрија од 2,5 отсто. Забележителен е и растот на Земјоделството од 4,0 отсто, рече Димитриеска-Кочоска.

Овие податоци, како што нагласи, се уште поголем поттик за целата Влада да продолжиме да работиме со уште позасилено темпо за да овозможиме повисоки стапки на економски раст што носи до повисок животен стандард за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски од Брисел: Ќе потпишеме договор за изградба на брза пруга долж целиот Коридор 10
Следна Статија Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Прометот на маркетите по вчерашниот бојкот намален за 22 проценти

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно интересот на јавноста, во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот…

February 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германските компании се заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија – средба Божиновска со германската стопанска комора

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со претставници на германската стопанска комора (AHK Северна Македонија).…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Заврши есенската потрошувачка кошница, дали цените ќе се вивнат нагоре?

Заврши мерката замрзнати маржи во „есенската потрошувачка кошничка“. Со владината одлука намалени беа цените на 73 основни прехранбени производи. Од…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?