Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

Објавено October 19, 2024 15:41
Сподели
Сподели

„Динамиката на пристапувањето во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) зависи од степенот на подготвеноста на земјите и степенот на усогласеност на националната правна рамка со европското законодавство за чија што оценка беше обезбедена и техничка помош од Светската банка. Нашата земја, Албанија и Црна Гора од страна на Светската банка во овој процес беа оценети со висок степен на усогласеност со правната рамка и беа првите три од шесте земји од Западен Балкан, чии што централни банки, во текот на јуни и јули, поднесоа апликации за членство до Европскиот Совет за плаќања . Очекувањата се дека трите земји се со голема можност за скорешно пристапување во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА)“, изјави вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во интервју за емисијата „360 степени“ на МТВ.

Нацевска потенцира дека со поднесувањето на самата апликација со целата пропратна документација која претставува огромен пакет од документи, нашата земја покажа дека релевантната европска регулатива е преточена во домашното законодавство, а пристапот до европскиот платежен систем ќе подразбира користење на придобивките пред земјава да стане полноправна членка на ЕУ.

„Членството во СЕПА е една од приоритетните активности коишто се поддржани со најновиот план за раст од страна на Европската комисија, којашто има за цел забрзана економска интеграција и доближување на регионот до единствениот пазар на ЕУ, што ќе овозможи граѓаните и компаниите што поскоро да ги почувствуваат бенефитите од членството. Со пристапувањето, значително ќе се намалат трошоците за прекуграничните плаќања во евра, ќе се обезбедат подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции, ќе се подобри управувањето со готовинскиот тек, ќе се зајакне пристапот до пазарите во ЕУ, ќе се подобрат односите со деловните партнери преку побрзо порамнување на плаќањата“, истакна вицегувернерката Нацевска, нагласувајќи дека главниот двигател на СЕПА е поттикнување на конкуренцијата, а со тоа намалување на трошоците и забрзување на прекуграничните плаќања кои ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди.

„Пристапувањето ќе биде особено значајно за дознаките, бидејќи тие кај нас, па и во регионот на Западен Балкан, тие играат значајна улога во економијата, достигнувајќи дури и до 15% од БДП. Трошоците за извршување на дознаките, кои се околу 6,7% од износот на трансакцијата тековно, ќе се преполоват на околу 3%, пришто на ниво на регионот на Западен Балкан ова може да придонесе за заштеда од дури половина милијарда евра. Значајни заштеди се очекуваат и кај фирмите. Според студија на Светска банка која ги анализира трошоците за извршување плаќања од микро, малите и средните фирми помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, плаќање на износ од 5.000 евра од фирма во Западен Балкан кон фирма во ЕУ чини 10 пати поскапо отколку плаќање помеѓу фирмите во ЕУ. Трошоците во обратна насока, кога фирма од ЕУ плаќања кон фирма од Западен Балкан, се уште повисоки односно 12 пати повисоки во споредба со тоа кога плаќањето се извршува помеѓу фирмите од ЕУ. Трошоците за плаќањата на поголеми износи се уште повисоки“, истакна вицегувернерката Нацевска. Според проценките на Светската банка членството во СЕПА може да ја намали и сивата економија за 2 процентни поени во регионот на Западен Балкан, посочи Нацевска.

Вклучувањето во СЕПА е приоритет за Народната банка и другите институции вклучени во процесот, истакна Нацевска, кое ќе овозможи забрзување на трговската и финансиската интеграција на земјата во ЕУ и повисок економски раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје
Следна Статија Зоолошката градина под клуч во следните три недели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски утре ќе ја презентира новогодишната потрошувачка кошничка

Утре со почеток во 11:00 часот во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок помеѓу претседателот на Владата на…

December 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Костовски по обвинението за „Еуростандард банка“: Немав интерес банката да пропадне

Бизнисменот Трифун Костовски, кој е меѓу обвинетите во предметот за стечајот на „Еуростандард банка“, преку објава на социјалните мрежи ги…

July 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Saks Fifth Avenue ќе го затвори локалот во Canal Place

Saks Global планира да затвори девет продавници ширум земјата поради недоволна профитабилност.

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Што ќе значат новите пресметки за јулската плата?

Почнувајќи од јулската плата започнува да важи привремена промена на структурата на придонесите за задолжително социјално осигурување. Оваа одлука внесе…

July 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?