Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје
Blog

АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

Објавено October 19, 2024 16:53
Сподели
Сподели

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца ( Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1.

Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.Наредени се мерки согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца.

Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина, ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на Птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето.

Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители. Последните случаеви на појава на високопатогена авијарна инфлуенца беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, место Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош.

Авијарната инфлуенца или птички грип е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина. Дивите птици се познати како резервоари за вируси на птичји грип, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на птичји грип кај дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.

Високопатогените соеви вирусот се патогени за живината, но како зооноза болеста може да се пренесе и на луѓето. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе иако е повеќе години во циркулација во земјите од ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зголемување на платите во образованието подразбира повисоки плати за сите вработени, наставници, професори и технички персонал
Следна Статија Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Водолија – недела, 9 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е навистина добар ден за Водолиите! Освобождувањето од негативни мисли ќе ви пружи шанса…

February 9, 2025
Blog

Booking се соочува со тужби поради високите цени за сместување

Холандските здруженија за заштита на потрошувачите објавија дека имаат намера да поднесат тужба против дигиталната платформа за резервации на сместување…

June 27, 2025

Самсунг ќе открие AI-напредни Galaxy S26 паметни телефони на 25 февруари

Напреден технолошки настан со иновативни мобилни уреди збогатени со вештачка интелигенција

February 12, 2026
Blog

Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен

Годишната инфлација во еврозоната порасна на 2,4% во декември, од 2,2% во ноември. Во декември минатата година годишната стапка на…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?