Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила, порача Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила, порача Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила, порача Мицкоски

Објавено December 6, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин – од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, порача премиерот Христијан Мицкоски на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Кавадарци.

Осврнувајќи се на економијата во својот говор пред присутните, Мицкоски рече дека државата мора да го напушти моделот на ниска продуктивност и зависност од увоз и да премине кон економија заснована на знаење, технологија и иновации.

– Овој премин бара системски реформски циклус во повеќе области: индустрии базирани на знаење, технологија, ИКТ, биотехнологија, фармација, инженеринг, креативни индустрии – ова е новата економска матрица. Земјата мора да вложува во области што создаваат висока додадена вредност и конкурентност на глобалниот пазар. Дигитализацијата и автоматизацијата се предуслов за приклучување кон европските и светските производствени синџири. Модернизацијата на бизнис-секторот, новите дигитални технологии и технолошките паркови ќе создадат работни места со висока додадена вредност и ќе го зголемат извозниот капацитет. Домашните компании мора да станат мотор на раст преку силна институционална поддршка: капитално вбризгување, кредитни линии, намалени административни бариери и стимули за раст. Националната економија е силна само ако домашните претпријатија се силни. Предвидлива фискална политика, стабилни даночни правила и долгорочно стратегиско планирање, усогласено со европските стандарди – се предуслов за развој. Ниту една компанија не инвестира во држава во која даночните правила се менуваат со дневната политика. Довербата се гради со долгорочност, јасност и транспарентност – рече Мицкоски.

Зелената економија, како што посочи, не е идеолошки проект, туку државна потреба и мора да се инвестира во обновливи извори на енергија, модернизација на преносниот систем и регионални енергетски проекти за да се намали зависноста и да се создаде нова економска динамика.

– Стабилноста и развојот се невозможни без доверба во државата, а довербата се гради само преку независни институции, владеење на правото и системи што создаваат правичност, а не зависност. Без доверба во институциите – нема држава. Правната држава не е збир од закони, туку нивна доследна примена. Македонија мора да ја премине границата од формална кон функционална демократија – нагласи Мицкоски.

Посочи десет принципи кои ја дефинираат парадигмата на модерното водство – достоинство пред сè, правда како единствен легитимен авторитет, знаење како највисока форма на капитал, држава силна, но не и доминантна, нација како заедница, пазарна економија која создава можности, институции кои се јадро на демократијата, европска ориентација како цивилизациска определба – не тактика, туку вредност, технологија и одржливост како нови облици на развој и општество кое се гради со доверба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водата во Кавадарци заматена поради обилните дождови
Следна Статија Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски по посетата на ОАЕ: Очекувам првата убава вест да ја објавиме уште утре

Посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше исклучителна успешна и македонската делегација беше пречекана на високо ниво во Абу Даби.…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици

Ако прекинеме со непродуктивните трошења, ако Владата се определи да им помогне на локалните самоуправи, да им даде евтини кредити…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари, кои се дел од мекото ткиво на македонскиот…

April 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзување на маржите на дел од производите

Две третини од испитаниците во анкетата на МКД.МК ја поддржуваат владината мерка за замрзување на маржите на дел од производите. Над 40%…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?