Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
ЕКОНОМИЈА

Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици

Објавено December 17, 2024 18:40
Сподели
Сподели

Ако прекинеме со непродуктивните трошења, ако Владата се определи да им помогне на локалните самоуправи, да им даде евтини кредити на компаниите и да гарантира за нив за да поведат инвестициска активност, ако фирмите со намалување на банкарските камати во редовното работење добиваат таква шанса, ако капиталните инвестиции се дигнат на 800 милиони како што не биле досега и ако се проектираат дополнителни средства во Буџетот за економски програми кои лани биле 40, а годинава 80 милиони, тогаш можеме да очекуваме раст од 3,7 отсто, како што се прогнозира, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Азески, пред состанокот на Управниот одбор на Комораскиот инвестициски форум (КИФ) што се одржува во Скопје, порача дека земјава треба да одигра многу внимателно во 2025 година за да нема тешки последици. Добро е, оцени, инвестициската активност да биде поддржана од сите, а во функција на растот да се ангажираат и компаниите и локалните самоуправи и државата.

-Треба и сите максимално да бидеме одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме. Растот на платите мора да биде врзан со растот на администрацијата и пензиите, со растот на БДП. Добра вест е што растот во третиот квартал е три отсто и тоа треба да се утврди како минимум кој ќе се бориме да го надоградиме зашто само тоа може да биде излез понатаму, изјави Азески.

Според него, треба конечно да креираме и различна структура на извозот со оглед на гео-економските случувања, зашто тоа ќе го намали ризикот од евентуалните последици. Во спротивно, предупреди, може да дојдеме до ситуација која ќе не чини.

Гасификацијата, конкурентната способност на извозните компании, иновативноста на производите, промената на законските решенија кои стојат со години, а треба да обезбедат подобра деловна клима, како и борбата против сивата економија, остануваат клучни приоритети за Комората.

-И покрај тоа што имаме позитивни сигнали како продолжување на инвестициската активност од странските и најава за почнување инвестициска активност од домашните компании со унгарскиот кредит, железницата,…, треба многу внимателно да одиграме. Мора да сфатиме дека ќе дојде момент кога некој ќе ја повлече новата геополитичка и геоекономска структура на друга страна. Треба да имаме мобилна економија и политички систем кои тоа ќе го амортизираат и ќе го префрлат на друг колосек, тоа е составен дел од ризикот со кој сите се соочуваме. Бизнисот е како велосипед, ако го вртиш ќе даде резултат, ако не, ќе падне. Ние сакаме да го забрзаме велосипедот зашто забрзувањето дава стабилност. Не можеме да програмираме стапка на раст од 1,2 или 1,8 и да бидеме задоволни. Треба да програмираме повиски стапки раст, но Владата да седне со социјалните партнери, да види како се прави тоа, а тоа се прави со јасно поставена цел, со луѓе и пари, укажа Азески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Понајдени околу 5.500 парчиња пиротехника при претрес во Куманово
Следна Статија Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Уште два дена за вложување во граѓанската обврзница – Аукцијата ќе се одржи во петок

Заинтересираните граѓани за вложување во безбедниот иснтрумент – граѓанска обврзница издадена од државата имаат уште два дена за тоа. Запишувањето…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со потпишување на писмо на намери на 15 октомври, земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање, најави гувернерот Славески

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби на ММФ и Светска банка што почнуваат на…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Враќање на неакцептирани новогодишни подароци? Можни се дополнителни трошоци

Неколку големи продавници сега наплаќаат надомест на купувачите за враќање на производи дури и ако се неотворени и во одлична…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?