Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: На партискиот конгрес отворивме ново поглавје на политичкото делување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: На партискиот конгрес отворивме ново поглавје на политичкото делување
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: На партискиот конгрес отворивме ново поглавје на политичкото делување

Објавено December 7, 2025 12:50
Сподели
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики, под водство на претседателот Христијан Мицкоски, кои го трасираат патот на раст и развој на државата во успешна, модерна и просперитетна Македонија. Како носител на државноста, ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес отвори ново поглавје на политичкото делување, донесе важен документ, Стратегија 2025-2030 пропратено со нова парадигма, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните, информираат денеска од партијата.

Тоа е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава, со економија што расте на знаење и труд, со институции што опстојуваат над политичките циклуси, со самосвесен национален идентитет, со зелен и технолошки развој, и со општество што верува во заедничката иднина.

Со усвојувањето на Стратегијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде нешто што е повеќе од политички документи, тоа национален патоказ и рамка што ќе ја стабилизира државата, ќе ја европеизира без да ја разредува, ќе ја зајакне без да ја изолира, што ќе ја направи конкурентна без да ја изгуби својата духовна и историска вертикала.

Ова платформа не е обичен документ, туку национален договор што треба да го дефинира животот на државата и развојот на партијата во следната деценија. Тоа е рамката што ја става Македонија во европската иднина без да ја загуби својата историска вертикала, патоказ што гарантира стабилни институции, модерна економија, почитувана дипломатија и самосвесна држава.

Стратегијата овозможува да се чува и негува историското наследство на македонската државност создадена низ долг и тежок процес, затоа што Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет.

Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи, држава што го чува својот идентитет, што ја брани својата суверена позиција и ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување.

Македонија на идните генерации значи развиена и силна економија, каде домашните компании ќе станат мотор на растот, индустрии базирани на знаење, напредни ИКТ технологии, вештачка интелигенција, дигитализација и автоматизација, предвидлива фискална политика.

Токму во оваа рамка се содржани надежта, реализмот и одговорноста што мора да ја водат политиката во следната декада, тоа е визија која треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа.

Македонија може и мора да биде силна, конкурентна и стабилна држава. Тоа бара работа, постојаност и политичко лидерство што не се води од дневни импулси, туку од стратешка мисла.

ВМРО-ДПМНЕ не пишува програма, ВМРО-ДПМНЕ создава договор со иднината, уверуваат од владејачката партија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На жолто светло не се поминува, ќе има казни
Следна Статија Мета го одложува izdавanjeto на мешани реалности очила со кодно име ‘Феникс’

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Познато е зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

Универзитетската професорка Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за време на изборниот молк. Во документот, кој бил…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Тачи до ДУИ: Ако продолжите да манипулирате, ќе кажам за сѐ што сте го молеле Мицкоски

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа на гостување во ТВ21, рече дека се покаја што влегол во Европскиот фронт. Тој…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски многу лаже!

„Христијан Мицкоски лаже. Од сите премиери во светот, од сите премиери во Европа има само еден, и тоа е на…

March 9, 2026
ПОЛИТИКА

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?