Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“
СВЕТ

Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“

Објавено December 7, 2025 14:38
Сподели
Сподели

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина оцени дека мировниот договор за ставање крај на војната е „навистина близу“ до финализирање. Тој посочи дека процесот е стопиран само поради две клучни нерешени прашања: статусот на регионот Донбас и идното управување со нуклеарната електрана во Запорожје.

Русија ја започна инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, продолжувајќи го конфликтот што претходно осум години се водеше меѓу проруските сили и украинската армија во областите Доњецк и Луганск. Овој судир се смета за најсмртоносниот во Европа по Втората светска војна и доведе до најголема политичка и безбедносна криза меѓу Западот и Москва од времето на Студената војна.

Американскиот преговарач Кит Келог, кој треба да ја напушти функцијата во јануари, на Националниот одбранбен форум на Реган оцени дека процесот на разговори е во завршна фаза, нагласувајќи дека последните чекори се најпредизвикувачки:
„Речиси сме на целта. Навистина сме многу, многу блиску“, рече тој, додавајќи дека мировниот договор е во „последните 10 метри“.

Келог посочи дека отворените прашања се однесуваат на тоа како ќе се регулира идниот статус на Донбас и кој ќе ја контролира нуклеарната централа Запорожје – најголемиот објект од овој тип во Европа, кој моментално е под руска управа.
„Ако ги решиме тие два проблема, мислам дека остатокот од работите ќе се реши прилично добро“, истакна тој.

Еден од почетните американски предлози предвидува централата во Запорожје, чијашто работа е стопирана и реакторите се во ладен режим, да биде повторно активирана под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), а произведената електрична енергија да се дели подеднакво меѓу Русија и Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж пронајден мртов пред Поликлиниката во Ченто
Следна Статија Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДС, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти

Полското министерство за европски фондови вчера ги запре сите исплати од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани…

August 13, 2025
СВЕТ

Најмалку осум жртви во лавини во Австрија

Осум лица загинаа во три лавини во Австрија вчера, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина…

January 18, 2026
СВЕТ

Путин со пет услови за завршување на војната во Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе…

May 28, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас

Либералите на премиерот Марк Карни победија на изборите во Канада, но не успеаја да го освојат мнозинството што требаше да…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?