Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Објавено October 22, 2024 20:22
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, каде со лидерите ќе разговара за напредокот на Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра.

По посетата на Тирана, Фон дер Лајен в четврток ќе допатува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, предвидено е претседателката Фон дер Лајен и премиерот Мицкоски да одржат прес-конференција во Владата.

По посетата на Скопје, Фон дер Лајен ќе замине за Босна и Херцеговина.

Овогодинашната посета на Западен Балкан доаѓа во време кога проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ, што беше потврдено од претседателката Фон дер Лајен во неколку наврати, вклучително и неодамна на Самитот на Берлинскиот процес и на Бледскиот стратешки форум, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за смртта на директорот на болницата во Загреб, паднал од скалите, колегите не можеле да го спасат
Следна Статија Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники во Скопје e изведена уште една трансплантација на органи од починат донатор,…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повторно одложено судењето за Веапоска

Родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник, судницата ја напушти со солзи. Дешното рочиште закажано…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Војната на УЧК во Косово и Македонија беше праведна и разумна

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изрази целосна поддршка за вчерашниот протест во Приштина под името…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен оглас за 300 професионални војници: Мисајловски со повик до сите млади кои што ја сакаaт Македонија да се пријават на конкурсот

Денеска е овјавен оглас за нови 300 професионални војници во Армијата, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски при неговата посета…

March 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?