Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 11 месеци регистрирани три фемициди во Штип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За 11 месеци регистрирани три фемициди во Штип
ХРОНИКА

За 11 месеци регистрирани три фемициди во Штип

Објавено December 8, 2025 18:22
Сподели
Сподели

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство, вели претседателката на НВО „ЕХО“, Бети Пеева. Таа посочува дека за 11 месеци само во Штип се регистрирани три случаи на фемицид, а статистиката за насилство врз жени е уште позагрижувачка.

– Конкретно кај нас во организацијата, која веќе 23 години работи во оваа област, се пријавени од Штип и околината, а има и од источниот дел, вкупно 109 случаи на насилство врз жени и деца, односно, девојчиња и ова е навистина загрижувачки факт. Ова е бројка само од овој дел, инаку „ЕХО“ работи и во Пелагонискиот и Југоисточниот регион и ако ги собереме и тие бројки, доаѓаме до некоја бројка од 180 случаи оваа година, а годината се уште не е завршена, изјави Пеева.

Таа додаде дека законската регулатива за заштита на жртвите на семејно насилство е солидна, постои и мултисекторска соработка, но понекогаш затајуваат институциите, односно се доцни со процедурите.

– Не само институциите се виновни за тоа, значи и самите жртви кои пријавуваат, поради трендот на економска зависност кој се зголемува од година во година, се премислуваат, се враќаат назад. Честопати пред да преземеме некоја постапка, тие се премислуваат и не сакаат да одат понатаму, рече Пеева.

Граѓанските организации кои работат на ова тематика веќе подолг временски период предлагаат промена на членот 130, став 2 од Кривичниот законик, односно насилникот да не се гони по предлог на жртвата, туку по службена должност.

– Жртвата се плаши од самиот сторител, дека доколку даде нејзина согласност за кривично гонење, во меѓувреме, додека да завршат процедурите и додека да се санкционира сторителот, може да се случат уште погрозоморни дела, посочува Пеева.

Според анализите на граѓанскиот сектор, во 2025-та година се бележи висок број пријавени случаи на семејно и родово базирано насилство, но се уште не постои единствен и транспарентен систем што ги следи предметите до обвинение и пресуда.

Изминатите денови во источниот регион се реализираа низа на работилници и средби во рамки на  кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајдено е беживотно машко тело во Охрид – лицето беше пријавено за исчезнато на 4 декември
Следна Статија 10-те најдобри филмови за 2025 година, според Американскиот филмски институт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека…

April 7, 2025
ХРОНИКА

Дедо доби кривична – мачел животни

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поднесе кривична пријава против К.Д.(78) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение…

October 28, 2024
ХРОНИКА

Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор

Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано…

September 19, 2025
ХРОНИКА

„Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?