Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уште два дена за вложување во граѓанската обврзница – Аукцијата ќе се одржи во петок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Уште два дена за вложување во граѓанската обврзница – Аукцијата ќе се одржи во петок
ЕКОНОМИЈА

Уште два дена за вложување во граѓанската обврзница – Аукцијата ќе се одржи во петок

Објавено December 9, 2025 12:52
Сподели
Сподели

Заинтересираните граѓани за вложување во безбедниот иснтрумент – граѓанска обврзница издадена од државата имаат уште два дена за тоа. Запишувањето во деловните банки ќе се одвива денес и во текот на утрешниот ден, информираат од Министерството за финансии. Ова е третата емисија на граѓанската обврзница, во износ од 100 милиони денари, која на инвеститорите им носи камата од 4,5 насто. Аукцијата ќе се одржи во петок на 12 декември.

Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари. За целосна наплата доспеваат по 24 месеци. Предвидено е каматата за првата година да се исплати на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година.

Првата емисија на граѓанската или популарно наречената народна обврзница беше реализирана во јули 2023 година, во вредност од 600 милиони денари или 9,75 милиони евра. На аукцијата граѓаните покажаа огромен интерес со уплатени повеќе од двојно средства, односно скоро 1,45 милијарди денари (23,5 милиони евра).

Во октомври истата година следуваше втората емисија, идентична како и првата. Притоа, беа запишани 17,6 милиони евра. Тие две емисии беа со камата од пет проценти.

Граѓанската обврзница е сигурен и безризичен инструмент. Се смета дека покрај бенефитите за граѓаните-инвеститори, полза има и државата затоа што вложените средства оридонесуваат за раст на домашната економија. Или, преку државната каса се насочуваат кон развојни проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата донесе одлука за разрешување на државниот јавен обвинетл Љупчо Коцевски
Следна Статија Орбан: Соработуваме со Ердоган, ги запираме мигрантите, а Турски тек нè спасува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Средба Славески – Прескер: Потврда на значењето на Народната банка за економската стабилност

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Неговата Екселенција Грегор Прескер и со економскиот…

September 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ ќе точиме поскапо гориво

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за…

November 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна со работа новата хала на компанијата Амфенол, со 200 нови работни места

Како што слушнавте и од директорот, станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна близу 3.200 вработени, со план за нови…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стапија на сила нови правила за одобрување возила

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото,…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?