Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Непријатна е казната од 120 милиони евра за Икс, ЕУ оди во лоша насока
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Непријатна е казната од 120 милиони евра за Икс, ЕУ оди во лоша насока
СВЕТ

Трамп: Непријатна е казната од 120 милиони евра за Икс, ЕУ оди во лоша насока

Објавено December 9, 2025 13:06
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „непријатна“ казната што Европската Унија ѝ ја наложи на социјалната мрежа Икс (X) на Илон Маск и додаде дека не разбира како може да се оправда таква мерка.

Компанијата Икс минатата недела беше казнета со 120 милиони евра (140 милиони долари) од европските технолошки регулатори за прекршување на правилата за онлајн-содржина.

– Европа се движи во многу лоша насока – им рече Трамп на новинарите на настан во Белата куќа и додаде дека очекува да добие целосен извештај за случајот подоцна денеска.

– Не знам како можат тоа да го прават – рече Трамп.

Според него, Илон Маск не му се јавил и не побарал помош од него во врска со случајот.

– Европа мора да биде многу внимателна – предупреди Трамп.

ЕУ на 5 декември го казни Икс со 120 милиони евра (140 милиони американски долари) за кршење на нејзините правила за транспарентност, обвинувајќи ја платформата за лажно авторизирање на корисничките профили со сини ознаки, дека крие податоци од истражувачите и не ги документира транспарентно рекламите поставени на платформата. Комисијата соопшти дека висината на казната е пропорционална на прекршувањето.

На истиот настан, Трамп рече и дека ќе воведе високи царини за вештачките ѓубрива од Канада, доколку тоа биде неопходно.

– Многу од нив доаѓаат од Канада и ние ќе им наметнеме високи царини, ако е потребно, бидејќи тоа е начинот на кој сакаме да ги стимулираме нашите производители – изјави Трамп во врска со увозот на вештачки ѓубрива од Канада.

Трамп се закани и дека ќе воведе дополнителни 5-процентни царини за Мексико, кое го обвини дека го прекршува договорот за споделување на водата со САД.

„Ако Мексико не одговори на нашите барања, тоа ќе биде многу нефер кон нашите земјоделци кои ја заслужуваат оваа толку потребна вода“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Брижит Макрон повторно во центар на скандал: Ги нарече феминистките „глупави кучки“
Следна Статија Граѓани и фирми должат 36 милиони евра на град Скопје за даноци и такси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“…

December 16, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Ким Џонг-ун патува со оклопниот „зелен воз“ кон Пекинг

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, тргна од Пјонгјанг со својот препознатлив зелен оклопен воз и во утрово ја премина…

September 2, 2025
СВЕТ

Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“

Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“. Полициската специјална група „Кобра“ веќе е алармирана…

June 10, 2025
СВЕТ

Израел го нападна јужен Либан

Израелски напад е изведен врз местото Суџуд во јужен Либан по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел…

June 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?