Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавните обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавните обвинители
МАКЕДОНИЈА

Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавните обвинители

Објавено December 10, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Башким Бесими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ), одлучи Советот.  Бесими досега ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Советот. За нов заменик-претседател на негов предлог е избрана Маријана Илиевска.

Изборот на претседател на Советот на јавни обвинители, како што налага законот, беше спроведен со тајно гласање, како на непосредни избори, со параван и гласачка кутија.

Предлогот за избор на Бесими беше поднесен од членот на Советот, Зорица Павловиќ, и беше поддржан со осум гласа „за“ од вкупно 11 члена. При гласањето имаше три неважечки ливчиња.

„Фала на поддршката, и тие што не гласале ќе бидат со мене, заедно ќе работиме. Како второ, сакам да ѝ се заблагодарам на досегашната претседателка, додека го водеше Советот заеднички се боревме сите и понатаму ќе се бориме заеднички и ќе излеземе на добри патишта“,рече Бесими по изборот.

За заменик-претседател на Советот, тој ја предложи членката Маријана Илиевска, а предлогот беше едногласно поддржан.

Изборот следува по престанокот на функцијата на претходната претседателка, Душица Димитриеска, поради истекување на мандатот на 1 октомври годинава. Ова беше констатирано на 28. седница на Советот одржана на 30 септември. Тогаш изборот на нов претседател беше одложен поради одржувањето на локалните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДеСантис ги означи муслиманските адвокатски групи како странски терористички организации
Следна Статија Кушнер, Аполо и богатиот татко предводат непријателска понуда за Warner Bros.

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Производи со изминат рок ставале во новогодишни пакетчиња: Спроведени 62 вонредни контроли

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со…

December 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам…

February 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Самит во Хрватска

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе учествува на самитот Украина Југоисточна Европа кој се одржува во…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?