Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија
ХРОНИКА

Пациент од „Бардовци“ ја скршил вратата и влегол во „Инфомакс“ среде емисија

Објавено December 11, 2025 10:19
Сподели
Сподели

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишиле од слобода Г.С. (43) од Скопје, по пријава дека во текот на емисија во живо на порталот „Инфомакс“ влегол во редакцијата и предизвикал инцидент, соопшти МВР.

Настанот се случил синоќа околу 23:45 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека непознато машко лице влегло во просториите на редакцијата на ул. „Востаничка“, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на програмата. Во студиото во тој момент биле водителот А.М., гостин во емисијата – поранешниот градоначалник С.Ј., водителот М.Н. и камерман.

Полицијата веднаш реагирала и го привела напаѓачот, а подоцна било утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано на лекување во Психијатриската болница „Бардовци“.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството нагласува дека и во иднина ќе постапува брзо и неселективно во сите случаи на напади врз новинари или нарушување на јавниот ред и мир.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто цената на среброто достигна рекордно ниво?
Следна Статија Зошто цената на среброто постигна рекордно ниво?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правнук поради кавга за имот, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа…

July 13, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен поранешниот сопственик на над 500 крави, откако со отпор се спротивставил на полициските службеници…

December 2, 2025
ХРОНИКА

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – ново видео од Ивана и Стојанче пуштено во судница

Во рамки на судскиот процес за смртта на Ивана Јовановска, Обвинителството презентираше нов видеодоказ, на кој таа го обвинува сопругот…

April 15, 2026
ХРОНИКА

Поранешен партнер извршил обљуба врз бремена тинејџерка

На 23.04.2026 околу 00:15 часот во СВР Скопје 18-годишна скопјанка пријави дека на 22.04.2026 на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот…

April 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?