Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица
МАКЕДОНИЈА

До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица

Објавено December 11, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Саше Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13 – годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. На повредите од несреќата подоцна им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот.

Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случила по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишниот малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека со полесни повреди се здобил сопатникот на Јанчев.

Во писмото родителите на тешко повреденото девојче, меѓу другото, наведуваат дека имаат сериозна загриженост за влијание врз судскиот процес, бидејќи се уште не е покренато обвинението за овој трагичен настан.

Тие изразуваат сомнеж дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет, со што, како што наведуваат „би избегнал евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки што би определиле надлежните органи“. Оттаму бараат од Гаши на дневен ред на Собранието да го стави барањето за одземање на имунитетот на Јанчев.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Лефков: Филипче работел на изградба на мигрантски камп во Бардовци, тој е единствен актуелен политичар кој сакал да ги донесе
Следна Статија ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ова се казината што ќе стават клуч на врата

На социјалните мрежи се појави мапа со казини кои треба да бидат затворени откако се изгласа новиот Закон за игри…

July 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дел судии и обвинители не ја заслужуват ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, најави Мицкоски

На цела македонска јавност и стана јасно дека не зборуваме за суштински во судството и обвинителството, туку зборуваме за зголемување…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона

ЕСМ соопшти дека од 2 октомври 2025 година започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почна силната робусна борба против криминалот и корупцијата

Почна процесот на силната и робусна борба против криминалот и корупцијата со елиминирање на терористичка ќелија, за која постоело основани…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?