Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат

Објавено December 12, 2025 15:41
Сподели
Сподели

Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат од државата, полека се враќаат, изјави попладнево премиерот Христијан Мицкоски, прашан за коментар откако Државниот завод за статистика излезе со податоци за движењето на невработеноста кај нас.

Да, тоа е исто така, една од охрабрувачките вести. Третиот квартал од оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има 7.000 повеќе вработени на сметка на 7.000 помалку невработени. Односно, ако во третиот квартал минатата година имало околу 698 илјади вработени, сега има 705 илјади. Минатата година во третиот квартал имало 98 илјади невработени, сега има 91 илјада. Што значи дека бројот на вработени и невработени пропорционално се зголемува, односно намалува. Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани последните 10 години поради состојбата што беше во државата што одлучија да заминат, полека се враќаат – одговори премиерот, кој присуствуваше на поставување камен-темелник на спортска сала во Колешино.

Премиерот истакна дека е убеден оти трендот ќе продолжи и понатаму.

Голем дел од луѓето коишто кога тогаш заминаа, еве остваруваат контакти со мене или со голем дел од институциите во Владата и одлучуваат да се вратат и повторно тука да го продолжат својот живот. Што е, исто така, охрабрувачки тренд – тоа значи дека ќе се зголемува бројот на вработени. Ќе се зголемува бројот на луѓе коишто ќе отпочнат свој бизнис или пак ќе најдат начин како да работат тука дома, наместо некаде надвор, бидејќи и таму гледате состојбата каква е со многу проблеми обременета. Така што тоа е тренд што охрабрува и јас сум убеден дека тој тренд ќе продолжи. Овој параметар е добар и охрабрувачки – додаде премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановски: Проклетството на Трамп и како Македонците да ја преживеат европската апокалипса
Следна Статија Голем интерес за граѓанските обврзници – запишани се 33 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување

Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17…

June 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Али Ахмети: Груби е на „албанска територија“

Шефот на ДУИ, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, за кого рече дека не…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?