Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема
МАКЕДОНИЈА

Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема

Објавено December 14, 2025 09:54
Сподели
Сподели

По наводите дека „Зимзоленд“ работи без потребната дозвола, Општина Аеродром, на чија територија е поставен забавниот парк, соопшти дека во тек е инспекциска постапка за утврдување на околностите кои исклучиво се однесуваат за одобрението за поставување урбана опрема на оваа локација.

Постапувањето на инспекциските служби на Општина Аеродром започнало пред точно две недели, на 28 ноември.

„По целосно завршување на постапката, од страна на Општината ќе бидат преземени соодветни мерки што произлегуваат од законите доколку за тоа постои утврдена основа“,се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека земјиштето на кое е лоциран забавниот парк е во приватна сопственост и додаваат дека Општината не е ниту организатор ниту учесник во активностите на „Зимзоленд“.

Претходно  градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека инспектори во координација со Државниот пазарен инспекторат и МВР спровеле акции на „Зимзоленд“ при што било утврдено дека Град Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност, а дополнително се констатирани повеќе неправилности.

„Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од Општината да постапи согласно законските регулативи“,објави Ѓорѓиевски.

Од „Зимзоленд“ потврдија дека во забавниот парк се вршат инспекциски надзори, но ги демантираа наводите во дел од медиумите дека паркот ќе биде затворен.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп бара од Украина да предаде територии- Киев со контрапредлог
Следна Статија (ФОТО) Објавени нови фотографии со Епштајн со Трамп, Клинтон и Гејтс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ивановска за претседателката на ДКСК осомничена во „Адитив“: Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на виделина

Собранието е институцијата која ги избира членовите во Државната комисија за спречување корупција, и очигледно тоа треба да спроведува поголем…

April 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата а македонската заедница во Грција е една од…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Националната мрежа против насилство врз жените бара одговорност – со име и со презиме

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Советник на Оливер Спасовски давал насоки на обвинителите во СЈО како да постапуваат по одредени предмети

Поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, јавно проговори за тоа како работело Специјалното јавно обвинителство со кое раководеше…

February 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?