Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска од Бразил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска од Бразил
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска од Бразил

Објавено December 14, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин „Ќафасан“ спречиле увоз на пратка замрзнато пилешко месо од Бразил, која не ги исполнувала условите за увоз, а сето тоа заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).

Во пратката имало над 26 тони односно 2 167 пакувања по 12 килограми замрзнат пилешки батак без коска.

Како што информираат од АХВ, причина за донесеното Решение за забрана за увоз е тоа што пратката била во спротивност со веќе донесеното Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил.

Според ова Решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Откако ветеринарите на АХВ го донеле Решението за забрана, целата пратка пилешко месо е вратена во земјата извозник – Бразил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гугл обични слушалки претвора во моментни јазични преведувачи
Следна Статија Нобеловата лауреатка Марија Корина Мачадо успеа да избега од Венецуела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Укажувањето на д-р Чибишев вроди со плод: Проверено од институциите – нема токсична туна во Македонија!

Експресна реакција на надлежните институции, укажувањето на директорот на Токсикологија д-р Андон Чибишев вроди со плод. -Попладнево разговарав со Директорот…

February 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Покрената е иницијатива за билатерален договор со Словенија за мобилност на доктори и медицински сестри меѓу двете држави

На новинарско прашање во врска со состојбата со недостиг на анестезиолози на Клиниката за државна кардиохирургија, министерот за здравство, Азир…

September 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Не може медицинските сестри да не бидат поканети на презентациијата на 12 закони од областа на здравството, а ги дадоа предлозите и беа во работните групи на сите министри, реагира Бешлиовска

Медицинските сестри не се вклучени во донесувањето на законите, а ги дадоа предлозите, работеа на тоа и беа во работните…

October 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш,…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?