Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Со приемот на мигрантите Мицкоски сака да не претвори во црна точка на Балканот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Со приемот на мигрантите Мицкоски сака да не претвори во црна точка на Балканот
ПОЛИТИКА

Филипче: Со приемот на мигрантите Мицкоски сака да не претвори во црна точка на Балканот

Објавено December 15, 2025 11:41
Сподели
Сподели

Ако Владата и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема има никаков прием на мигранти, тогаш имаат две опции да го докажат тоа, првата е јавно и јасно да ги демантираат британските медиуми а втората е да ја потпишат нашата предлог Резолуција, порача во гостување во Дневникот на Сител, претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче додаде дека профилот на лица кои би требало да бидат депортирани од Британија во Македонија е сериозно сомнителен и дека може да донесе безбедносна закана во државата.

„Се работи за луѓе за коишто Велика Британија ќе утврди дека не можат да останат кај неа, а не може да се вратат ниту во земјите од коишто доаѓаат, а притоа се осомничени или осудени за најтешките форми на прекршоци, силување, трговија со наркотици. Тоа е засилувањето и заострувањето на европската политика во однос на миграцијата и олеснување на депортацијата. Со такви луѓе ние треба да си имаме работа ако дојдат тука кај нас. Сериозно е загрозена безбедноста на нашата земја, тоа е едно од суштинските прашања. Понатаму Луѓето кои би биле испратени кај нас, според информациите, немаат право повторно да влезат во ЕУ. Тоа значи дека оваа влада нема намера да нè води кон Европа, туку да нè претвори во црна точка – земја во која ќе останат мигранти што Европа не ги сака, нагласи Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Питсбург се подготвува за обилен снег и мразовито време
Следна Статија Продажбата на луксузни возила во Кина опаѓа со забавувањето на економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи порача дека тужбата за клевета, како што наведува, „нема да…

February 25, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ за електронскиот попис: Опасни обиди за иднината на државата

Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно одби да ги прифати резултатите од пописот на населението, алудирајќи…

June 29, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Во Кочани ниту еден политичар не може да оди со крената глава, луѓето со месеци бараат правда, вели Филипче

„Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава, со крената глава не се оди кај…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?