Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експравобранителот Стафа примил поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Експравобранителот Стафа примил поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот
ХРОНИКА

Експравобранителот Стафа примил поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Објавено December 15, 2025 18:05
Сподели
Сподели

Осомничениот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов-Ѓаволот е лицето за кое поранешниот државен правобранител Фехми Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор, дознава „360 степени”.

Стафа, кој вчеравечер беше уапсен за примање поткуп во периодот од октомври до 13 декември годинава, во кој добил 50 000 евра од сестрата на Пецов, требало да посредува и да влијае кај судија во Апелациониот суд Скопје.

Стафа, кој е адвокат на Пецов во овој случај, пред неколку месеци поднел барање за замена на мерката притвор со куќен притвор во отсуство на Пецов, за што била понудена и гаранција. Инаку, Пецов е недостапен за органите на прогонот.

Љупчо Пецов-Ѓаволот е еден од осомничените за финансиски криминал во „Синџир“, случај што беше отворен кон крајот на октомври 2023 година. Во истрагата беа опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 фирми, осомничени дека создале шема за даночно затајување, преку која со издавање фактури со ДДВ за наводно извршени набавки, кои не постоеле, го оштетиле државниот буџет за околу осум милиони евра.

Во случајот, Љупчо Пецов, заедно со Стојан Чифлигароски, кој исто така е во бегство, се осомничени дека се организатори на групата која вршела даночни затајувања. Дополнително, наведено е дека токму фирмата на Пецов, „Алма-комерц Ангел Пецов“ ДООЕЛ изготвувала фактури за фиктивни услуги и со тоа го намалувала ДДВ-то што требало да го плати.

Во врска со апсењето на Стафа, ОЈО ГОКК денеска соопшти дека тој на 6 октомври годинава примил 30 000 евра од побараните 100 000 евра, кои му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13 декември 2025 година, осомничениот директно побарал и примил дополнителни 20.000 евра, наводно за поткуп на судијата.

Веднаш по примањето на парите, Фехми Стафа е лишен од слобода. Обвинителството бара да му се определи притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен „грчкиот Ескобар“, запленет брод полн со кокаин
Следна Статија Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците

По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште…

March 6, 2026
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во Ѓорче Петров

На 22.01.2026 во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје…

January 23, 2026
ХРОНИКА

Штипски „крајслер“ дрифтал по „Партизанска“, полицијата го одзеде

Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ноќеска околу 01:00 часот на булеварот „Партизански одреди“…

March 30, 2025
ХРОНИКА

Кешишев на бел лист напишал дека убиецот на Вања и Панче е Велибор Манев

Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кешишев…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?