Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет?
СВЕТ

Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет?

Објавено October 23, 2024 13:39
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин, во својство на домаќин на самитот на БРИКС во Казан, денеска ја отвори средбата на лидерите на „десетката“.

На отворањето на состанокот, Путин изјави дека „во тек е формирање мултиполарен свет“.

„Процесот на формирање мултиполарен свет е во тек, динамичен и неповратен процес“, рече Путин на почетокот на самитот, со кој Кремљ се обидува да направи противтежа на „западната хегемонија“.

Рускиот претседател додаде дека околу 20 лидери собрани во Казан ќе разговараат за „најитните прашања“, вклучувајќи ги и прашањата за „решавање на регионалните конфликти“.

Според него, сите земји-членки на БРИКС, не со зборови, туку со дела, имаат позитивно влијание врз стабилноста во светот.

„Сите наши земји се декларираат за еднаквост, добрососедство и меѓусебно почитување, за афирмирање на високите идеали на пријателство и договор, за универзален просперитет и благосостојба, покажуваат одговорност за иднината на светот не со зборови, туку со дела. Тие покажуваат навистина позитивно влијание врз ситуацијата во сферата на глобалната стабилност и безбедност, даваат значаен придонес во решавањето на акутните регионални проблеми“, истакна рускиот лидер.

Путин посочи дека групата ќе разговара за нејзиното проширување, со оглед на потребата да се одржи ефективноста. Тој додаде дека повеќе од 30 земји изразиле желба да се приклучат на БРИКС.

На тридневниот самит во Казан ќе се разговара и за прашања како што се проширувањето на плаќањата во национални валути и воведувањето на категоријата „земји партнери на БРИКС“ – еден вид алтернатива за натамошното проширување на асоцијацијата, која неодамна го удвои својот состав од пет на десет земји.

Се очекува лидерската средба да продолжи зад затворени врати. Потоа ќе следи средба во проширен формат со учество на делегации и се планира да биде отворена за медиумите.

БРИКС, кој првично се состоеше од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, се прошири и ги вклучи Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Турција, Азербејџан и Малезија поднесоа барање за членство, а интерес за приклучување изразија уште неколку земји.

На маргините на самитот, Путин ќе има бројни билатерални средби. За утре е планирана средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, кој утрово пристигна во прва посета на Русија по повеќе од две години.

Советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека Русија ја поздравува мировната иницијатива на Кина и Индија за Украина, за која се разговараше за време на билатералните состаноци на маргините на форумот БРИКС во Казан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СКАНДАЛ: Познати фудбалски имиња вмешани во измама со пирамидална шема
Следна Статија Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп заигра со танчерите на аеродромот во Малезија (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна денес во Малезија каде што учествува на самит со азиските земји. По пристигнувањето на…

October 26, 2025
СВЕТ

Што се случи со Србинката Ана Волш, која исчезна лани во САД?

Србинката Ана Волш исчезна на 1 јануари 2023 година во Америка. Откако ја прослави новогодишната ноќ со пријателите, Брајан Волш…

January 1, 2025
СВЕТ

Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“

Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“. Полициската специјална група „Кобра“ веќе е алармирана…

June 10, 2025
СВЕТ

Две карти, две реалности: Зеленски и Трамп гледаат поинаку на фронтот

Петина од украинската територија е под руска окупација, а голема карта која тоа подрачје го прикажува со црвена боја беше…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?