Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата
МАКЕДОНИЈА

Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата

Објавено October 23, 2024 15:20
Сподели
Сподели

На поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски денеска му беше врачена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во областа на културата и уметноста.

Димоски одбележува два јубилеја, 65 години од раѓањето и 45 години творештво. Неговата поезија е преведена на над 35 јазици на сите континенти. Автор е на шест книги за деца и четири книги со есеи, а превел над триесетина книги на поети од словенското јазично подрачје. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година. Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Антево перо“, „Ацо Шопов“, Гран при интернационал (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија),… Двапати е добитник и на највисокото охридско признание „Св. Климент – Патрон на Охрид (2000 и 2012). Основач е и долгогодишен раководтиел на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“.

Како што истакна Димоски во обраќањето откако му беше врачена наградата, македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото, рече, се еден од нашите идентитетски столбови.

-Ако поетот замолчи, ќе замолчат и душата и јазикот, а душата на нацијата е и јазикот, порача Димоски.

Според него, поетскиот јазик не е конкурентен на денешниот потрошувачки свет, бидејќи доаѓа од сакралните проблесоци на исконско постоење и цврсто се држи на стожерот на опстојувањето.

-Јазичната политика е во темелот на националната политика. Најзначајниот елемент на културната политика е дека македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото се еден од идентитетските столбови на сите нас. Ако поетот замолчи ќе замолчи и душата на јазикот. А душата на нацијата е и јазикот. На крај ја примам оваа награда во името на оваа вечна земја. На мојата вечна земја. Вечноста и бог се едно исто. Нашата Република е мала но огнена. Таква била Крушевската Република, таква била асномската република, таква е и оваа република денес. Толку ни ги стеснале границите што нема простор за друго име освен за Република Македонија, истакна Димоски.

За него, државната награда „23 Октомври“ е една од најзначајните во земјава.

-Преку основањето на Македонската револуционерна организација на овој ден во 1893 година во Солун, па преку Илинденското востание 1903-та и најважниот документ „Крушевскиот манифест“ кој подоцна се преточи во асномските определби за слободна Македонија и „8 Септември“ конечно Република Македонија да биде слободна самостојна држава, е континуитет кој на највисоко ниво ги изразува слободарските идеи и идеали на македонскиот народ. Јас доаѓам од сферата на литературата и ракувањето со зборовите. Токму Македонската револуционерна организација ја собра тогашната македонска интелигенција, токму во неа се поставени и темелите на идниот стандардизиран македонски јазик, токму од нејзините пазуви се изнедри златната книга „За македонцките работи“ во која К.П.Мисирков го постави фундаментот на идниот современ македонски јазик, потенцира Димоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали земјите од БРИКС формираат нов, мултиполарен свет?
Следна Статија Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Имаме стратегија и проекти кои нудат просперитет на младите во државата

Почитувани министри, пратеници, градоначалници, добредојдеовте на оваа 33-та годишна конференција на најмоќниот политички подмладок во Македонија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ, рече…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за кусата средба со Трамп: Кажав дека ги споделувам вредностите на мојот народ и дека ќе ги соопштам нашите ставови

Самитот на НАТО во Хаг ќе остане запаметен по единството, решеноста заедно да тргнеме кон мирен период, бидејќи сите денеска…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против раководството на Државната лотарија, буџетот оштетен над 22 милиони денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за злоупотреба…

December 26, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?