Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ
ПОЛИТИКА

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ

Објавено December 17, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ, на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ. Како што соопшти претседателот на партијата Венко Филипче на прес-конференција по завршувањето на седницата на Централниот одбор, генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски.

На оваа седница се избрани и членови на Извршниот одбор, а формиран е и советодавен совет на партијата кој ќе го предводи поранешната потпретседателка на партијата Ана Чупевска.

Членови на Извршниот одбор, според Филипче, се дел млади дел искусни членови на партијата, а искусните, како што нагласи, ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите.

-Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна, криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами. На денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци… Го формиравме и советот на партијата кој ќе има улога и во тој дел да привлекува слободоумни луѓе кои ги делат нашите вредносни политики и поради тоа што Нашиот фронт кој го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте затоа што ние се спремаме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните, рече на прес-конференцијата Филипче.

Ние сме тие, рече претседателот на СДСМ, кои „ќе стават крај на политиката на изолацијата на државата од Европа и кои ќе стават крај на корупцијата и криминалот, но и на предавството на нашата земја преку проектот мигранти за пари.

Во Извршниот одбор, меѓудругите, се Андреј Жерновски, Симона Цветановски, Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ.

Според претходните најави на Филипче, Фани Каранфиловска Пановска ќе остане заменик-претседател, додека нејзината оставка треба да ја констатира Конгресот. Со овие избори, СДСМ има комплетно обновено раководство кое ќе ги води партиските активности и иницијативи во наредниот период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија LG воведува нов Микро RGB телевизор со импресивни димензии
Следна Статија Трамп поведе тужба против БиБиСи за монтирање на неговиот говор од 6 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Екс-министерот Бектеши вели дека Бајрам Реџепи се фатил за пушка во 2001 година, затоа бил добар за градоначалник на Тетово?! (ВИДЕО)

Поранешниот министер од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, на настан на партијата пред изјави своите членови продолжува со радикални изјави.…

September 24, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Ангел Димитров: Комисијата за историски прашања е алиби за односите меѓу нашите земји

„Комисијата за историски прашања со Република Северна Македонија е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Што праиме сега Мицкоски, кој од власта ќе одговара за нарко скандалот со 5 тони дрога

Над 30 дена, повеќе од еден месец, нема одговори за најголемиот нарко скандал во регионот со заплена на 5 тони…

March 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?