Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС
МАКЕДОНИЈА

Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС

Објавено October 23, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Владата на седница донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот фонд за животна средина, во висина од 24.453.000 денари.

Од Министерството велат дека со ова, нашата држава ги исполнува обврските за обезбедување на средства на годишно ниво, согласно одлуката на Владата од 2013, на која се обврза дека со постепено одвојување на средства ќе го поддржи елиминирањето ка контаминираниот материјал од кругот на ОХИС.

Мулти-партнерскиот фонд за животна средина е фонд кој е формиран од страна на Владата со цел да се мобилизираат средства од повеќе извори за решавање на долгогодишниот проблем со историскиот отпад во кругот на ОХИС. За администрирање со средствата од овој фонд е задолжен УНОПС како имплементациона агенција која исто така има обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија и изнаоѓање решенија за големата депонија, што е наведено во договорот за формирање на фондот помеѓу Владата на Република Македонија и УНОПС.

До сега се спроведени активности за чистење на малата депонија распределени на ЛОТ 1, ЛОТ 2, ЛОТ 3 и ЛОТ 4, согласно процедурите од јавна набавка објавена од страна на УНИДО и УНОПС.

Активностите на ЛОТ 1 започнаа во септември 2021 година, на ЛОТ 2 во јуни 2022 година, на ЛОТ 3 во јуни 2023 година и ЛОТ 4 во март 2024 година. Собраниот високо концентриран HCH отпад е транспортиран и уништен во погоните на Треди во Франција додека почвата контаминирана со HCH се транспортира во постројката Индавер во Германија.

Досега се транспортирани и уништени 1.932,35 тони високо концентриран HCH отпад и 586,37 тони почва контаминирана со HCH.

За реализација на активностите се изработени Планови за ремедијација за секој поединечен ЛОТ, доставени од страна на компанијата „Polyeco“ од Р. Грција, компанија кoja е избрана од страна на УНИДО и УНОПС преку постапка за јавна набавка.

За реализација на активностите се изработени Планови за ремедијација за секој поединечен ЛОТ, доставени од страна на компанијата „Polyeco“ од Р. Грција, компанија кoja е избрана од страна на УНИДО и УНОПС преку постапка за јавна набавка.

Според досегашните испитувања, остануваат да се отстранат уште 300 тона високо концентриран HCH отпад и 1.500 тона почва контаминирана со HCH изомери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата
Следна Статија Мицкоски иницира изготвување стратегија на државата до 2050-тата, за да не исчезне Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски

Премиерот Христијан Мицкоски со низа билатерални средби на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција ја продолжи интензивната дипломатска агенда…

February 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Денеска, 20 декември 2025 година, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Здружението „Херои на Македонија 2001-2015“…

December 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вајц: Во последната година не видовме напредок кај Македонија во спроведувањето на реформите

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „Еуроњуз Бугарија“ изјави дека во последната година земјава нема…

April 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа

Македонија влегува во нов изборен циклус за локалната власт.На овие избори, ние настапуваме со понуда за чесни, некомпромитирани и вредни…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?