Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Европската комисија официјално ја одобри Реформската агенда на Македонија

Објавено October 23, 2024 16:46
Сподели
Сподели

Министерството за европски прашања ја информира јавноста дека Европската комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија, што претставува значаен исчекор во процесот на интеграција на земјата и регионот во Европската Унија. Оваа одлука следува по деталната анализа од страна на Европската комисија, која ја препозна релевантноста и сеопфатноста на реформските планови, особено во забрзувањето на усогласувањето на земјата со законите, вредностите и стандардите на ЕУ, информираат од надлежното министерство.

Одобрувањето на оваа агенда овозможува пристап до финансиски средства во рамките на Фондот за реформи и раст на ЕУ, во износ од 6 милијарди евра. Фондот е дизајниран да го поддржи трансформативниот процес на Македонија, осигурувајќи дека реформите не само што ќе ги зајакнат демократските институции и човековите права, туку и ќе ја подобрат економската интеграција на земјата со ЕУ.

Реформската Агенда, која е дел од поширокиот План за раст на ЕУ за Западен Балкан за периодот 2024-2027, е фокусирана на клучни социо-економски реформи и фундаментални области како што се владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Комисијата ги поздрави овие напори, истакнувајќи дека реформите значително ќе придонесат за социо-економска конвергенција со ЕУ и ќе ѝ помогнат на Македонија во исполнувањето на клучните критериуми за пристапување.

Овoј важен чекор значително ја поткрепува стратешката определба на земјата за европска интеграција, истовремено интензивирајќи ја интеринституционалната соработка меѓу Македонија и Европската комисија, со цел реализација на заедничките стратешки приоритети и долгорочни цели за целосно интегрирање во европските структури. Министерството за европски прашања ја реафирмира својата и посветеноста на Владата за ефективна и навремена имплементација на овие реформи, кои ќе обезбедат просперитетна иднина за сите граѓани, стои во соопштението на министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако не и помогнеме на Македонија сите заедно, осмислено и стратешки мудро, ова ќе биде земја на духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава
Следна Статија Мицкоски утре ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари

Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нови 600 вработувања во МВР

Во МВР потребен е човечки кадровен потенцијал и можам да објавам дека веќе овој месец се планирани нови 600 вработувања,…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година

Вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици на Параламентарните избори во 2024 се во износ од 386.710 илјади…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ретки птици најдени угинати во Кавадаречко

Две угинати ретки птици мршојадци биле пронајдени во Кавадаречко, дадени се на обдукција за да се утврдат причините за угинувањето,…

February 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?