Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието
ХРОНИКА

ГАК: Обдукцијата на новороденчето покажа дека причината за смртта е незрелост на белодробието

Објавено December 19, 2025 16:08
Сподели
Сподели

Обдукцијата на новороденчето што почина на Клиниката за гинекологија и акушерство покажала дека причината за смртта е незрелост на белодробието.

За ова денеска информираа од Гинекологија од каде што наведоа дека по добиените резултати од обдукцијата, семејството на новороденчето е повикано за лично да се запознае со сите детали од наодот кој, како што додаваат, покажува дека нема физичка повреда на кој било од органите на бебето.

„За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправилности во лекувањето на новороденото. Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок“,наведуваат од Клиниката за гинекологија.

Оттаму изразија длабока жалост и сочувство до семејството за загубата на новороденчето.

На барање на министерот за здравство Азир Алиу, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) иницира формирање комисија за стручен надзор, која треба да утврди дали има пропусти во третманот и лекувањето на починатото дете на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Стратегијата СМАРТ/МК 2030 го обликува патот на дигиталната трансформација на Македонија
Следна Статија Двајца сопственици на златарница затаиле данок од еден милион евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кешишов се прекрстува, па тргаат: Снимките покажаа што правеле обвинетите за убиствата на Вања и Панче – Палевски со слушалка, Манев држи балони

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопј, при презентацијата на камерите…

February 21, 2025
ХРОНИКА

Поранешниот спортски директор на фудбалската репрезентација, Масев осуден на четири години затвор поради трговија со дрога

Поранешниот македонски фудбалер и спортски директор на нашата репрезентација, Дени Масев е осуден на четири години затворска казна во случајот…

August 8, 2025
ХРОНИКА

Пет лица меѓу кои и едно бебе повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат, познат неговиот идентитет

На 14.11.2024 во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат…

November 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?