Во морскиот дел на 16,5 наутички милји југоисточно од малиот грчки остров Гавдос бил откриен рибарски брод со 545 лица кои биле спасени и безбедно пренесени на пристаниште на островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција информираа дека во спасувачката акција спроведена во текот на ноќта биле вклучени три патролни брода, три од Фронтекс, како и други три што пловеле во близина.

Спасените 545 мигранти се сите во добра здравствена состојба, а со оглед на тоа што Гавдос е мал остров и нема простори за да бидат сместени, пренесени се на островот Крит.