Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација
ЕКОНОМИЈА

Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација

Објавено December 20, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Германците се сè повеќе вознемирени поради продолжената економска криза и општата неизвесност, поради што го отвораат паричникот сè поретко – најмалку од времето на светската финансиска криза, покажува најновото издание на барометарот за потрошувачко расположение.

Барометарот на нирнбершките институти за истражување на пазарот GfK и NIM укажува дека германските граѓани со месеци сè повеќе се ориентираат кон штедење и се воздржуваат од трошење, пренесува агенцијата dpa.

GfK и NIM за јануари прогнозираат дополнителен пад на индексот на потрошувачко расположение за 3,5 поени, на минус 26,5. Во исто време, индексот на штедење во декември пораснал на 18,7 поени, што е највисока вредност во повеќе од 15 години.

„Тоа не се позитивни сигнали за економијата во пресрет на Божиќ, а расположението на потрошувачите најавува и лош почеток на наредната година“, изјави експертот на NIM, Ролф Биркл.

GfK и NIM секој месец спроведуваат анкети меѓу граѓаните за пресметка на индексите што ја покажуваат подготвеноста за трошење, односно за штедење.

Еден од сегментите на редовното истражување е и проценката на испитаниците за нивните лични приходи во следните 12 месеци.

Во декември, индикаторот за овие очекувања паднал трет месец по ред и сега изнесува минус 6,9 поени. Аналитичарите овој тренд го поврзуваат со растечкиот страв од инфлација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј
Следна Статија Мисајловски го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи

„Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

СпејсИкс поставува зделка за внатрешни акции во вредност од 800 милијарди долари

СпејсИкс напредува со продажба на внатрешни акции што ја вреднуваат ракетната и сателитска компанија на Илон Маск на околу 800…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со влез на третиот мобилен оператор очекувам подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот

Подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот очекувам со влез на третиот мобилен оператор, вели во интервју за ТВ…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?