Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Објавено December 20, 2025 15:50
Сподели
Сподели

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички барања што ги испорача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешниот Конгрес, но не изостана и барањето за целосен ветинг на сите функционери во изминатите три децении.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на таканаречен „извршен Бадентер“. Според овој механизам, секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од вкупното мнозинство пратеници, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Покрај уставните измени, Ахмети инсистираше и на „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара ветинг со меѓународен надзор за сите носители на јавни функции во последните 34 години, вклучувајќи и истрага за потеклото на имотот и приватизацијата.

„Унитарната држава може да биде функционална и стабилна само доколку се темели врз довербата и лојалноста на сите заедници што живеат во неа. (…) Прво, избор на Владата со двојно мнозинство, односно извршен Бадентер; Секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство од вкупниот број пратеници, туку и со мнозинство од пратениците кои ги претставуваат немнозинските заедници“, смета Ахмети.

Во однос на судството, лидерот на ДУИ побара законите донесени со Бадентер во Собранието, да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу судиите.

„Предлагаме уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници нема да се донесуваат без заемна согласност меѓу судиите“, порача Ахмети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските
Следна Статија Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Цеков: Ја напуштам пратеничката група на ЗНАМ – од денеска сум независен пратеник

Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа излезе од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека…

April 30, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Гласањето по пошта е нов обид за манипулација, Мицкоски не се откажува од изборен грабеж

Од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има намера да внесе измени во изборниот модел за гласање на…

July 6, 2026
ПОЛИТИКА

Костовски: Бутел ќе добие 3 нови детски градинки во Радишани, Бутел 1 и Визбегово

Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?