Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина

Објавено December 21, 2025 12:49
Сподели
Сподели

Образованието на мајчин јазик е важно човеково право, суштинско за зачувување и за градење на националниот и културниот идентитет, но и за персоналниот развој и успех, се вели во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

– Почитувани припадници на турската заедница, почитувани наставници. Имам особена чест, во име на сите граѓани и во лично име, најсрдечно да ви го честитам 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. На македонската држава, јазичниот императив ѝ беше јасен уште пред 81 година, кога ја воспостави наставата на турски јазик во тукушто ослободеното Скопје. Од тогаш до денес, континуирано и ревносно се негува турскиот збор, збогатувајќи го македонскиот мултикултурен идентитет, стои во честитката од Претседателката.

По повод важниот ден за сите нас, а особено за Турците, им изразувам голема благодарност на сите наставници и образовни работници коишто со својот труд, љубов, професионализам и посветеност, го шират знаењето на турски јазик и активно учествуваат во воспитувањето на мудри, благородни и хумани млади луѓе.

-Посакувам да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина! Честит нека ни е 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик. 21 Aralık Türkçe Eğitim Bayramınız kutlu olsun, стои во честитката од Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Татко и син од Богданци одгледувале марихуана во специјално опремен шатор
Следна Статија Двајца државјани на Македонија загинаа во сообраќајка на автопатот Белград-Ниш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Учебници ќе има по сите предмети и во основното и во средното образование

Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анкета: Повеќе од половина македонски граѓани би прифатиле брак со лице од друга етничка заедница

Во периодот од 1 до 4 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Касаноф: Неопходна е поддршката од САД како наш стратешки партнер

Остварив средба со Александар Касаноф, Помошник државен секретар на САД за Западен Балкан, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дадовме шанса, но од државниот јавен обвинител не добивме резултати

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, доби шанса како никој негов претходно што немал, еве петти, шести месец веќе, иако ние…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?