Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од куќа во Гостивар украле злато и пари во вредност од 65.000 евра – полицијата ги фати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Од куќа во Гостивар украле злато и пари во вредност од 65.000 евра – полицијата ги фати
ХРОНИКА

Од куќа во Гостивар украле злато и пари во вредност од 65.000 евра – полицијата ги фати

Објавено December 21, 2025 18:09
Сподели
Сподели

Полицијата успеа да го врати поголемиот дел од украдените пари и злато во вредност од вртоглави 65.000 евра, кои пред шест дена исчезнаа од дом во Гостивар. За тешката кражба осомничени и приведени се три лица на возраст од 24 и 27 години.

Акцијата за апсење се одвивала вчера попладне. Првично биле приведени две лица од Гостивар, А.З.(24) и М.З.(27), а подоцна и 24-годишната Н.И. од Тетово.

Клучниот момент во истрагата бил претресот во домот на првоосомничената А.З., каде полициските службеници ги пронашле украдените вредности.

Осомничените „оперирале“ на 14 декември во куќата на 58-годишниот Ф.М., од каде го изнеле вредниот плен.

„На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. Подоцна, од слобода била лишена и Н.И. (24) од Тетово. Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот“, соопштија од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Несреќа во Кочани: Повредени четири лица, две од нив се малолетни
Следна Статија Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје

Млада Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје. На 27.01.2025 во 17.50 часот во СВР Скопје, М.Г.К. (24) од…

January 28, 2025
ХРОНИКА

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

December 25, 2024
ХРОНИКА

Ја удрил со ретровизор и починала: Обвинетиот бил слеп 99% и без важечка дозвола која во меѓувреме ја обновил

64-годишната Ангелина Ангелова од Неготино го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, откако во неа удрил возач на товарно возило…

August 1, 2025
ХРОНИКА

Кумановка измамена за 30.000 евра – повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете

Уште еден случај на измама за наводна сообраќајна несреќа регистрира кумановската полиција. Вчера 65 годишна жена пријавила дека била измамена…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?