Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Измените на Кривичниот законик спротивни на директивите на ЕУ, шминка за спас на криминалците на власт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Измените на Кривичниот законик спротивни на директивите на ЕУ, шминка за спас на криминалците на власт
ПОЛИТИКА

СДСМ: Измените на Кривичниот законик спротивни на директивите на ЕУ, шминка за спас на криминалците на власт

Објавено December 22, 2025 20:30
Сподели
Сподели

Власта, иако ветуваше, не направи вистински измени на Кривичниот законик. Наместо тоа, преку пратеници на ДПМНЕ, поднесува козметички интервенции, далеку од суштинска реформа, дури и спротивна на европски директиви и комвенции, изјави Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ.

Во продолжение соопштението

Иако нов Кривичен законик се подготвуваше повеќе од четири години од работна група составена од професори, експерти, судии и обвинители – тој не е поднесен. Нема нов Кривичен законик. Нема реформа. Се плашат ли од јавноста, од експертите, од граѓанските организации, од европските стандарди? Или се плашат од вистината? Наместо измени по „ЕУ-стандард“ власта донесе неевропски закон, спротивен на европските регулативи.

Предлог-измените што ги турка власта се спротивни на клучните директиви на ЕУ – 2024/1260 и 2024/1385.

Кај членот 98-а, наместо објективен доказен стандард, каков што бара Директивата за враќање на средства и конфискација, се користи формулацијата „судот е уверен“. Значи субјективен, непрецизен и правно небезбеден критериум.

Ова директно го нарушува принципот на правна сигурност утврден во ставовите на Венецијанската комисија и отвора простор за селективност и злоупотреби.

Затоа го стопираат европскиот пат, затоа што Лаура Ковеши сите ќе ги реши!

Дополнително, со измените на членот 353 – Злоупотреба на службената положба е во директна спротивност со Конвенцијата на ОН против корупција (UNCAC).

Членовите 17 и 19 од Конвенцијата бараат ефективни, пропорционални и одвраќачки санкции, а не законодавно „јо-јо“ – драстично намалување на казните, па нивно козметичко „зголемување“.

Тоа значи дека овој нов закон не може да ги врати застарените предмети од 2023 година.

Претставувањето на овие измени како „репарација“ или „враќање на правдата“ е правна илузија и измама.

Факт е дека предложените измени не се ништо друго освен очаен обид за спас на власта од одговорност за криминал и корупција.

Целта е јасна – заштита на функционерите на власта од кривична одговорност за криминални скандали и сомнителни тендери.

Како што се: 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра за една фирма, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, тендери поврзани со блиски лица, роднини и партиски структури.

Очигледно е дека овој предлог доаѓа под притисок – од истраги, од факти, од докази и од страв дека казнената политика конечно ќе ги стигне.

СДСМ бара Владата веднаш да го повлече овој срамен предлог, Министерството за правда да го објави веќе подготвениот нов Кривичен законик на ЕНЕР, и да се отвори вистинска јавна дебата со домашната и меѓународната стручна јавност.

Да се донесе ново, строго и европско решение за злоупотреба на службената положба – со јасни одредби, повисоки казни и нулта толеранција за корупција.

Нема реформи без правда.

Нема правда со криминалци на власт.

И нема закон што ќе ја спаси оваа власт од одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема договор за зголемување на минималната плата
Следна Статија Згасна телевизија Сонце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

На СДСМ почнаа сите да им пречат: Јован Деспотовски го нарекоа петтоколонаш, предавник и соработник на ВМРО-ЗНАМ

Како верни наследници на антифашистичката борба, СДСМ никогаш не соработувал, ниту ќе соработува со сили што имаат корени во фашизмот.…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

Во соседна Србија запленета е огромна количина од 5 тони дрога која дошла од Македонија. Косопственик на Македонска фирма е…

February 2, 2026
ПОЛИТИКА

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов се огласи на социјалните мрежи откако, како што вели, новинарот Драган Павловиќ-Латас упатил критики…

June 30, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош

Кандидатките за градоначалнички на Скопје и на Карпош од СДСМ, Каја Шукова и Маја Мојсова, од Млечен ресторан денес најавија…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?