Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја
ПОЛИТИКА

СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја

Објавено December 24, 2025 11:53
Сподели
Сподели

Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема пари за плати и пензии, дупката е 1 милијарда евра. Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката, истакна на прес-конференција генералениот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

Во продолжение изјавата на Димитријевиќ.

За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор.

Затоа оваа година има историски најниско производство на домашна струја, ниту половина од планираните 5.100 GWh.

Наместо да се произведува дома, која што државата ќе ја чини 80-90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови.

Колку ги чини тоа граѓаните?

77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година.

Сега е ли јасно зошто струјата поскапува? Зошто се прогласува кризна состојба?

Да се покријат криминални тендери и неспособност.

Зошто фали 1 милијарда евра во буџетот? Исто така за тендери, како што се 161 тендер за една фирма или 9 милиони евра за друга фрима за двајца вработени кои ги објавивме.

Клучното прашање е кој профитира од скапиот увоз на струја?

Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример?

СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност.

Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра?

Кој профитира од увозот на струја?

Кој заработува додека народот плаќа?

Одговроност мора да има!

Работата не е завршена!

Струјата поскапува за да се покријат криминалните тендери

-Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека криминалните тендери и неспособното управување на власта со енергетскиот сектор довело до сериозни финансиски последици и загуби од 100 милиони евра.

-За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор. Затоа оваа година има историски најниско производство на домашна струја, ниту половина од планираните 5.100 GWh, потенцираше Димитријевиќ.

Како резултат на тоа, државата плаќа значително поскапа струја, што директно се префрла врз грбот на граѓаните.

-Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. 77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година, а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година Сега е јасно зошто струјата поскапува? Зошто се прогласува кризна состојба?, посочи генералниот секретар на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на Форумот на повратници во државата: Вратите на Македонија се широко отворени
Следна Статија Познат идентитетот на починатата жена пронајдена во езерце во Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска уште еднаш упати апел за лидерска средба на која, како што рече, би се…

July 15, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костовски: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?

СДСМ и денеска бараат одговори во врска со истрагата за трагедијата во Кочани. Дискотеката „Пулс“ работела со блокирана сметка 217…

March 26, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски да каже како неговото семејство се стекнало со градежни парцели во Жданец и луксузна хациенда во Грција?

Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници по примерот на Албанија и регулирање на работата на другите социјални мрежи

По последните случувања во Република Албанија, убиството на 14-годишното момче и следствено на тоа, воведената рестрикција на Тик Ток, Либерално-демократската…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?