Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За време на блокадата на „Пластичарска“ уапсен 24-годишник по напад на полицаец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За време на блокадата на „Пластичарска“ уапсен 24-годишник по напад на полицаец
МАКЕДОНИЈА

За време на блокадата на „Пластичарска“ уапсен 24-годишник по напад на полицаец

Објавено December 24, 2025 16:11
Сподели
Сподели

Дваесет и четиригодишен учесник на вчерашната блокада на улицата „Пластичарска“ е уапсен откако физички нападнал полициски службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, инцидентот се случил додека полицаецот извршувал службени дејствија, односно го регулирал сообраќајот за време на одржувањето на протестот. Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани телесни повреди.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Инаку, жителите на населбата Серава во општина Чаир веќе трет ден се без електрична енергија поради дефект кој, според нив, не бил саниран од страна на ЕВН. Во знак на револт, тие вчера го блокираа сообраќајот на улицата „Пластичарска“.

Граѓаните кои учествуваа во блокадата за телевизијата „21“ изјавија дека нема да се повлечат сè додека дефектот не биде отстранет, обвинувајќи дека проблемот намерно се остава нерешен, поради што тие се без струја во студените ноќи пред празниците.

Од ЕВН, пак, велат дека без пристап на екипите за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, невозможно е трајно да се санираат дефектите. Според компанијата, проблемите се последица на пренатрупаност на мрежата од диви приклучоци, при што во овој регион загубите на електрична енергија надминуваат 70 проценти, а наплатата изнесува околу 60 проценти од потрошувачката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дома сепак е најубаво и може да се успее, велат повратниците од дијаспората
Следна Статија Малолетничка била сексуално експлоатирана во Тетово -Кривична пријава против пет лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени

На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најголемо врсничко насилство трпат 11-годишните момчиња

Врсничкото насилство ги засега здравјето и добросостојбата и на момчињата и на девојчината од сите нивоа на социо-економски статус, возраст…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возрасна мечка бркала 15-годишно момче во околината на Македонски Брод

Возрасна мечка вчера бркала 15 годишно дете во атарот на селото Крапа во Општина Македонски Брод. Детето, кое во тој…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кочани го откажа „Маршот на ангелите“, ќе има мирен собир за жртвите од Кран-Монтана

Градот кој ја почувствува најголемата болка по трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 претежно млади луѓе, во сабота…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?