Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обдукцијата е нецелосна, нема анализа за цијанидни гасови, велат родители на загинатите во „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обдукцијата е нецелосна, нема анализа за цијанидни гасови, велат родители на загинатите во „Пулс“
ХРОНИКА

Обдукцијата е нецелосна, нема анализа за цијанидни гасови, велат родители на загинатите во „Пулс“

Објавено December 25, 2025 11:41
Сподели
Сподели

Родителите на загинатите во т.н. кабаре „Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи на надлежните институции за причините за смрт на нивните најмили не се целосни и дека се потребни дополнителни вештачења.

Овие наводи пред почетокот на денешното рочиште во изјава за медиумите ги изнесе Александар Наунов, татко на загинато девојче во „Пулс“ и претседател на Здружението „16 Март 2025 Кочани“.

Тој искажа сомнеж дека причина за смрт е и присуството на цијанид во телата на загинатите, но тоа, како што рече, не е утврдено со форензичките анализи на МВР, иако било оставено како можност.

Според анализите на кои се повикува Обвинителството, смртта на жртвите настапила како последица на труење со јаглероден моноксид. Ова, како што рече Наунов, го отвора прашањето за вистинските причини за смртта на нивните најмили.

„Цијанид можен, анализи нема. Сериозен јаз меѓу институционалните тврдења и обдукциската документација отвора прашање за вистинската причина за смртта на нашите најмили. Иако во одговорот во Основното јавно обвинителство се наведува дека вештачењата на Институтот за хемија и анализите на МВР-ОФИ (Одделение за форензички испитувања н.з.) ја потврдиле веројатноста дека испуштање на цијанидни гасови како последица на согорување на материјалите во клубот, е клучното прашање кое останува неодговорено. Дали при обдукциите е направена конкретна токсиколошка анализа за цијанид и други отровни гасови во телата на нашите починати деца. Во обдукциските наоди како причина за смрт е наведено задушување од јаглерод моноксид, меѓутоа во самиот обдукциски наод јасно се наведува дека од телата се земени и крв и урина за одредување на јаглерод моноксид, како и за токсиколошката анализа, при што изрично стои дека останатите токсиколошки анализи ќе бидат дополнително доставени на семејствата“,рече Наунов.

Сепак, како што наведе, ова не е содржано во конечните обдукциски наоди. Ова, посочи тој, отвора сериозен сомнеж дека заклучокот за причината на смртта е донесен без комплетна и насочена токсиколошка анализа особено ако се има предвид дека водородниот цијанид не се детектира рутински и бара посебно специфично испитување.

„Брзо се метаболизира и ако не се бара веднаш, се губи можноста. Може да предизвика смрт и без високи вредности, што е доказ во овој случај. Кај поголем дел од починатите вредностите биле ниски и нефатални, што е медицински и несоодветно за заклучок смрт од јаглерод моноксид“,рече Наунов.

Според него, тоа што државните институции потврдуваат можност за присуство на цијанидни гасови во просторот, но истовремено не постои исто јавен достапен доказ дека овие гасови биле анализирани во телата на жртвите претставува сериозен медицински и правен јаз и судир меѓу институционални наоди.

„Имаме три неспорни факти од Институтот за хемија МВР-ОФИ што потврдуваат ослободување на цијанидни гасови. Обдукцискиот наод наведува исклучиво присуство на јаглероден моноксид како причина. Обдукцискиот наод признава дека други токсиколошки анализи допрва треба да се достават. Сè додека не се објават и документираат резултатите од сите дополнителни токсиколошки анализи не може со сигурност да се тврди дека причината за смрт е целосно и точно утврдена“,кажа Наунов.

Ова, кажа тој, значи дека обдукцискиот наод е нецелосен и оти постои основа за дополнително и независно вештачење, со цел целосно утврдување на вистината, а во интерес на правдата и достоинството на починатите.

Инаку, во судницата во Идризово денеска  продолжи судскиот процес за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март годинава загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Bethesda открива идни планови за Fallout и научени лекции
Следна Статија БП е близу до продажба на мнозинскиот дел од единицата за подмачкување Кастрол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судијката за пожарот во Кочани: Не можам да гарантирам дали судењето ќе трае пет месеци или пет години

Со воведно обраќање на судијката Дијана Груевска Илиевска почна судењето за пожарот во Кочани.Точно осум месеци по трагедијата обвинетите седнаа…

November 19, 2025
ХРОНИКА

Ново дивеење на скопските улици: Возат бесно БМВ и предизвикуваат сообраќајка кај „Градска“ (ВИДЕО)

Дивеење на скопските улици е прикажано преку видео објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледаат неколку млади луѓе како…

February 16, 2025
ХРОНИКА

Насилно влегол во планинарскиот дом „Караџица“ и предизвикал пожар

На 06.12.2024 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 30.11.2024 до 06.12.2024 непознат сторител со…

December 7, 2024
ХРОНИКА

Убиецот на Ефтимов призна вина – бил под дејство на дрога

Обвинетиот Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на 59 годишниот златар Васил Ефтимов, кое се случи во август минатата година…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?