Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турција нападна цели на курдските милитанти во Ирак и Сирија откако ги обвини за вчерашниот напад кај Анкара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Турција нападна цели на курдските милитанти во Ирак и Сирија откако ги обвини за вчерашниот напад кај Анкара
СВЕТ

Турција нападна цели на курдските милитанти во Ирак и Сирија откако ги обвини за вчерашниот напад кај Анкара

Објавено October 24, 2024 09:40
Сподели
Сподели

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Извршена е воздушна операција против терористички цели на северот на Ирак и Сирија, а успешно се уништени вкупно 32 терористички цели“, се наведува во соопштението на Министерството, во кое се додава дека операциите продолжуваат.

Извршителите на нападот во Анкара најверојатно се членови на ПКК, забранета во Турција, изјави претходно министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

– Објектите на Турската воздухопловна индустрија (ТАИ) во Анкара беа цел на терористички напад во средата, при што загинаа петмина, а беа ранети 22 лица. Двајцата терористи кои го извршија нападот, од кои едната жена, се елиминирани, рече Јерликаја.

ПКК веќе неколку децении се бори против турските власти, а САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.

ТУСАС е најголемиот турски производител на авиони и хеликоптери, вклучувајќи го и првиот турски борбен авион КААН. Сопственици се Владата и Фондацијата на турските вооружени сили, а во неа работат повеќе од 10.000 луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Камала го нарече Трамп фашист
Следна Статија НАМАЛЕНИ И ДО 75%: Од денес стапуваат на сила новите цени на услугите во Агенцијата за катастар на недвижности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Премиерот на Онтарио: Со насмевка на лицето ќе го прекинам извозот на струја во САД, треба да ја почувствуваат болката (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп не мораше долго да чека одговор од Канада по неговата одлука да воведе царина од 25…

March 4, 2025
СВЕТ

Белата Куќа сигнализира кампања за заплена на повеќе танкери во близина на Венецуела

Напорите изгледа дека се нова фаза во обидот на администрацијата на Трамп да го отстрани претседателот Николас Мадуро.

December 13, 2025
СВЕТ

Русите ја уапсија својата поранешна мис на аеродром, се сомневаат дека шверцувала луксузен накит

Поранешната мис на Русија, Софија Никитчук, е уапсена на рускиот аеродром „Внуково“ поради сомнение дека шверцувала луксузна стока. Како што…

November 12, 2024
СВЕТ

Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека би можел да се приклучи на евентуалната средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, која…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?