Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремените тетра системи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремените тетра системи
МАКЕДОНИЈА

МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремените тетра системи

Објавено December 26, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој процес, порача премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на 120 нови полициски возила за потребите на униформираната полиција.

Мицкоски им честиташе на вработените во Министерството за внатрешни работи, на министерот и на сите кои го водат ресорот за успешно завршената набавка и проект, нагласувајќи дека со новите возила значително се подобрува мобилноста на припадниците на полицијата.

-Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да поддржуваме ваков тип на проекти, порача премиерот и додаде дека очекува новите возила „што помалку да се користат“, што би значело помалку криминал и криминалци во државата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени со најсовремена технологија.

– Возила коишто навистина се моќни, возила коишто во рамки на својата техничка опрема ги имаат сите современи технолошки карактеристики за да одговорат на сите предизвици, како и секоја една друга полиција во светот. Возила во рамки на коишто ги имаме најсовремените тетра системи со потребни информации, за полициските службеници на лице место да ги извршат потребните проверки на евиденција и сите анализи на податоци коишто ги имаме во рамки на Министерството, појасни Тошковски.

Тој истакна дека проектот е реализиран со значителна заштеда на буџетски средства.

-Вкупната планирана вредност за овие возила беше отприлика околу 232 милиони денари. Овие возила беа платени 202 милиони денари, така што заштедивме дел и од буџетските средства – околу 30 милиони денари. Цената поединечно по возило е далеку пониска од комерцијалната вредност на едно возило, така што навистина мислам дека имаме многу успешен проект кој ќе овозможи зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, нагласи министерот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден среќен добитник го освои џекпотот од 1,8 милијарди долари на Божиќ
Следна Статија Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет – нула толеранција за загадувачите!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката

Со новиот Закон за учебници за основно и средно образование се обидуваме да го подобриме процесот на подготовка, одобрување и…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Досега евакуирани 380 македонски државјани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи  информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Безбеден град“: Резултатите се гледаат веќе во декември, нула жртви во сообраќајки во однос на лани

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен и досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“ за што вели потврда се и бројките за…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) – празник на обновување на природата и животот

Православните христијани во земјава денеска го слават големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, маѓу народот…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?