Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена, очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена, очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нема криза, ликвидноста е обезбедена, очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме

Објавено December 26, 2025 14:54
Сподели
Сподели

Владата за четиригодишен мандат треба да врати шест милјарди евра, долгови кои ги земала владата на СДСМ и ДУИ. Само наредната година државата треба да врати долгови заедно со буџетскиот дефицит околу 2,2 милијарди евра. Но, криза нема да има, ликвидноста е обезбедена, очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање зошто лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче кажува дека следната година ќе биде кризна година со враќање на долгови и закочени евроинтеграции, оцени дека таквите пораки имаат за цел да внесат страв и немир кај граѓаните.

-Каква е структурата: 700 милиони евра е еврообврзница, којашто владата на СДСМ и ДУИ ја има земено во 2022 година, на четири години со каматна стапка 7,5 проценти ефективна и таа треба да ја вратиме. Според првичните анализи, коишто ги имаме, ќе биде многу поповолна од таа што ја имаат земено, сега размислуваме само на купонот каков да биде. Буџетскиот дефицит се разбира е стандардно, тој треба да си се врати, разликата меѓу расходите и приходите. Планираме тој буџетски дефицит да го враќаме со хартии од вредност на домашниот пазар, и доспеваат други заеми, коишто владата на СДСМ и ДУИ ги имаат исто така подигнато во минатото. Со други зборови над две милјарди евра треба да се вратат, посочи Мицкоски по промоцијата на новите 120 возила за МВР.

Тој додаде дека на актуелната Влада предизвиците нема да и престанат наредната година, туку продолжуваат во 2027 и 2028 година.

-Затоа што и 2027 година повторно треба да вратиме еврообврзница подигната од владата на СДСМ и ДУИ од 500 милиони евра, и тука не застануваме и 2028 година треба повторно да вратиме еврообврзница подигната од владата на СДСМ и ДУИ од 700 нови милиони евра. Тоа е отприлика периодот, којшто го имаме ние како Влада. Оваа година веќе вративме една еврообврзница од 500 милиони евра. Значи четири години Влада, секоја година враќаме по една еврообврзница, којашто ја подигнала владата на СДСМ и ДУИ. Отприлика околу шест милијарди евра е целиот долг, којшто треба во овој мандат од четири години на оваа Влада да биде вратен, прецизира Мицкоски.

Сепак, претседателот на Владата порача граѓаните и бизнисот да бидат спокојни и како што рече „исто како што нема мигранти, исто како што нема криза, така и средствата се обезбедени, ликвидноста е обезбедена“.

-Нормално е дека во отсуство на план и идеии од страна на опозицијата ќе слушаме ваков тип на пораки. Пораки коишто имаат за цел да внесат страв и немир кај граѓаните. Но, да бидат спокојни – планот е направен, средствата се обезбедени. Она коешто ние во моментов го правиме е следните генерации после нас, да ги немаат овие проблеми, коишто поради најкриминалната влада, којашто некогаш ја памети независна Македонија ние мораме да ги плаќаме, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека е важно што економските параметри се стабилни, одат во нагорна линија и се оптимистички прогнозите за следната година, кога станува збор за македонската економија, инфлацијата се намалува, расте извозот.

-Сите оние макроекономски параметри, коишто за нас се важни одат во нагорна линија и ќе повторам граѓаните и бизнисот да бидат спокојни, работиме на уште една голема транша, помош за бизнисот, како таа што веќе ја поделивме. Со што Македонија, верувале или не, стана држава во Европа со најниска каматна стапка, којашто ја користи бизнисот споредено со сите држави во Европа. Токму поради тоа инвестициите во првите два квартали, односно во првата половина од оваа година се некаде помеѓу 13-15 проценти, а да речеме во Европа во истиот тој период е 2,5 проценти. Кога опозицијата спомна дека недостасувале 60 милијарди денари во буџетот, веќе 30 милијарди влегоа во буџетот и ако на тоа се додадат сопствените приходи, тие 60 милјарди веќе се во оптек и во ликвидност во државата, рече Мицкоски.

Посочи дека вчера беше денот кога правните лица требаше да го платат ДДВ, и како што вели Мицкоски, сите бројки во декември се двоцифрено, над прогнозите.

-Очекуваме не само да ги постигнеме приходите, туку и ќе ги надминеме. Така што, секоја нивна невистина се разбива со бројки и тоа се факти. Но, ќе мора јавноста да се навикне, тоа е начинот, на којшто ќе се обидуваат да привлечат внимание. Ние ќе си работиме, а тие нека сеат паника и страв, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески: Девизните резерви на стабилно и сигурно ниво
Следна Статија Костадиновски со апел до Собранието и Судски Совет: Итно изберете судии, Уставен работи со намален капацитет, но без компромис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори…

October 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Анализата на јазови oткрива клучни сознанија за управување со био-отпад од винската индустрија во Тиквешкиот регион

Сеопфатна анализа на јазови на правната и политичката рамка која ги одредува потребите за развој на модел на циркуларна економија…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата нема ингеренции да се меша во изборот на членови на Судскиот совет доколку кандидатите ги исполнуваат законските услови

Тој е кандидат којшто го гласа Парламентот и како член во Судскиот совет од редот на малцинствата што се повеќе…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски на Виенски економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Во…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?