Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува
ПОЛИТИКА

ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува

Објавено December 28, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Премиерот сè уште нема побарано извинување за неоснованите и навредливи обвинувања што јавно ги упати кон албанските службеници во Министерството за меѓуетнички односи, со што ги навреди не само нив, туку и нивните семејства, велат од ДУИ.

Со своите изјави, тој упати клевети без никакви факти, без докази и без никаква одговорност, насочувајќи обвинувања кон жени и мажи кои прво беа понижени со нечовечки услови за работа, а потоа беа претворени во објект на јавен линч.

Во исто време, надлежниот министер Стоилковиќ сè уште нема поднесено оставка, иако под негово раководство беа создадени деградирачки услови за работа и беше дозволена неприфатлива практика на институционален мобинг и етничка дискриминација.

Недостигот од оставка и недостигот од извинување не се случајност. Тие се доказ за владеење што не познава политичка одговорност и што го смета понижувањето на албанските вработени за прашање од втор ред.

Во меѓувреме, ВЛЕН живее во паралелен универзум, потонати во дебати за годишни ротации на лидерството и пазарења за уредување на сопствените фотелји, како ништо да не се случува во државните институции. Додека тие се занимаваат со „аквариумот“ на ротациите, албанските службеници се исклучуваат, понижуваат и етикетираат во државната администрација – без заштита, без достоинство и без глас.

Ова е намерна политика на исклучување и заплашување, придружена со ароганција.

ДУИ повторно и недвосмислено бара: јавно извинување од Премиерот за клеветите и навредите кон вработените и нивните семејства, итна оставка од надлежниот министер и имедијатно запирање на дискриминаторските практики кон Албанците во државните институции.

Секој ден без одговорност ја однесува оваа влада сè подлабоко во морална и политичка криза. Човечкото достоинство не е тема за ротација, туку црвена линија што не смее да се премине, стои во соопштението на ДУИ испратено до медиумите.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грчка пратеничка кон градоначалникот на Лерин кој забрани македонски песни: Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата
Следна Статија За Нова година без покрив над глава: На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и тутунот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Министерот Мисајловски на Самитот на НАТО во Анкара

Денеска и утре во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација,…

July 7, 2026
ПОЛИТИКА

Шукова: Младински хабови, градски ваучер и нова гимназија Скопје станува град на можности за младите

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ја претстави својата визија за модерен, инклузивен и младински ориентиран главен град…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Нови паркинг простори, монтажни гаражи и пешачко-велосипедска патека за граѓаните на Кисела Вода

Во дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?