Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oпштините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Oпштините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС
ПОЛИТИКА

Oпштините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС

Објавено October 24, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Ова на својот фејсбук-профил го објави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, посочувајќи дека денеска за ова ќе подготви и официјален допис, во кој ќе ја извести ЗЕЛС оти не ја заслужува партиципацијата на градот со кој раководи.

И градоначалникот на скопската општина Карпош, Стефче Јакимовски, вчеравечер најави дека ќе му се придружи на Костадинов и на Општина Струмица во најавата да ја напуштат ЗЕЛС.

„Го напуштаме ЗЕЛС. Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните“, напиша Костадинов.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера информираа дека водата од струмичкиот водоснабдителен систем и натаму е забранета за пиење, иако градоначалникот Костадин Костадинов тврди дека таа е исправна и во хемиско-физичкиот состав и микробиолошки.

Во таа насока, Костадинов вели дека ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи.

„За моја Струмица компромиси немало, нема и нема да има. Нека ви е со среќа“, вели тој.

Повеќе од три недели водата во Струмичко е неисправна за пиење поради зголемено присуство на минералот манган, кој е витален за човечкиот организам, но во многу мали дози.

Стефче Јакимовски, градоначалникот на скопската општина Карпош вчеравечер во гостување на поткаст-емисија, а коментирајќи го случајот со Општина Струмица, најави дека и Општина Карпош ќе се приклучи ва најавите за напуштање на ЗЕЛС.

„И јас ќе се придружам на Општина Струмица. И така одамна се спремам да ја напуштиме ЗЕЛС. Нека си прават таму партиска забава“, рече Јакимовски.

Посочи дека истото треба да го направи и градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, оти градот е главен финасиер на ЗЕЛС, а за возврат не добива ништо.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АМЕРИКАНСКИТЕ ВЛАСТИ ГО ПРЕДУПРЕДУВААТ МАСК: Со давање 1 милион долари дневно на поддржувачите на Трамп можно е кршење на федералниот изборен закон
Следна Статија Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачевски: Ставањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав се побива бугарската теза дека се работи за еден народ во две држави

Експремиерот, Димитар Ковачевски денеска во „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека францускиот предлог во кој стои влегување на бугарското малцинство…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

Не мрзнете и не правете фешти за гол ПР, им порача ВМРО-ДПМНЕ на „стражарите“ од ДУИ

ДУИ да ја слушнат изјавата на претседателот Христијан Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?