Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете

Објавено October 24, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска повтори дека е направен лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете кое почина на 5 октомври и дека мора да се преземат одредени мерки.

– Како Министерство испративме до Лекарската комора препораки за одредени мерки што треба да се преземат. Нашата цел е да воочиме дека превид може да направи секој, тука е направен професионален превид. Не сум за казнување или отстранување од работа, меѓутоа одредени мерки мора да се преземат, вели Таравари, додавајќи дека со директорката на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се нема слушнато.

Девојчето почина на Детската клиника откако претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детската клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на детето, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oпштините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС
Следна Статија Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија, Србија и БиХ сакаат да увезуваат отпад од ЕУ

Македонија бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија пренесува…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од утре стартува ноќната забрана за фрлање отпад – инспекторите ќе работат 24 часа

Од утре стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел…

November 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ кој има за цел фундаментална трансформација на земјата

Во Владата денеска се одржа првиот состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав. Управниот одбор со…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Боки 13 открива: Со црни вреќи полни пари СДСМ се расфрлаше за локалните избори во 2017

Бојан Јовановски, на јавноста познат како Боки 13, во еден од деловите од документарниот филм ,,Рекет“ ја отвора темата за…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?