Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Привремен клуч за 26 угостителски објекти од ДПИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Привремен клуч за 26 угостителски објекти од ДПИ
МАКЕДОНИЈА

Привремен клуч за 26 угостителски објекти од ДПИ

Објавено December 30, 2025 18:29
Сподели
Сподели

Дваесет и шест угостителски објекти добија привремена забрана за вршење дејност при засилените инспекциски надзори што Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ги изврши во текот на месецов на територија на цела држава.

Надзорите се извршени за да се утврди дали се почитуваат одредбите од Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето. Во текот на декември извршени се 542 инспекциски надзори, од кои 269 надзори врз основа на Законот за угостителска дејност и 273 надзори врз основа на Законот за заштита од пушењето.

„При извршените инспекциски надзори кај дел од правните субјекти беа утврдени неправилности и согласно законските одредби издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2 823 870 денари. Како резултат на утврдените прекршоци изречени се и 26 мерки – привремена забрана за вршење на дејност“,наведуваат од Државниот пазарен инспекторат.

Од ДПИ додаваат дека ќе продолжат со спроведување на инспекциските надзори и во наредниот период во пресрет на празниците со цел заштита на јавниот интерес на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Индустриското производство се зголемило за 1, 9 отсто во однос на лани
Следна Статија Прекин на електричната енергија во тунелот под Ла Манш создаде сообраќаен хаос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица.…

August 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Сите новинари и медиуми  при известувањето за погребите на жртвите од пожарот во Кочани да се придржуваат кон етички принципи…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Кујната во СД „Тетово“ без вентилација, 12 милиони евра за учебници што скапуваат

Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не функционира, затоа што „заборавиле“ да направат вентилација, па набавената опрема не е ставена во…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?