Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финансиската полиција годинава поднела 44 кривични пријави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Финансиската полиција годинава поднела 44 кривични пријави
МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција годинава поднела 44 кривични пријави

Објавено December 31, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, оцени дека изминатата година донела конкретни и мерливи резултати во борбата против финансискиот криминал, при што со истраги биле опфатени над 3,36 милијарди денари јавни средства.

Според Ивановски, институцијата работела фокусирано, со јасно утврдени приоритети и со целосна посветеност кон заштита на јавниот интерес. Тој нагласи дека професионалниот пристап и ангажманот на вработените резултирале со видливи ефекти во заштитата на јавните финансии и јакнењето на владеењето на правото.

Во текот на годината, Управата за финансиска полиција поднела 44 кривични пријави против вкупно 206 лица, од кои 147 физички и 59 правни лица. Преку спроведените постапки е утврдена штета од речиси 3 милијарди денари, како и противправна имотна корист од над 400 милиони денари, што, според податоците на институцијата, претставува значителен финансиски удар врз незаконските практики.

Покрај оперативната работа, Ивановски посочи дека посебен акцент бил ставен и на јакнење на институционалната и меѓународната соработка, при што поддршката од меѓународните партнери и координацијата со домашните институции придонеле за зголемување на капацитетите и зацврстување на позицијата на Финансиската полиција како кредибилна и доверлива институција.

Директорот истакна дека во изминатиот период било постигнато и подобрување на условите за работа на вработените, вклучително и зголемување на платите, како и набавка на нова опрема и средства. Според него, овие чекори претставуваат значаен мотивирачки фактор за поголема ефикасност и професионалност во извршувањето на задачите.

Ивановски нагласи дека Управата за финансиска полиција работи врз принципот на неселективна правда, потенцирајќи дека институцијата мора да остане отпорна на какви било влијанија и целосно посветена на јавниот интерес. Тој порача дека лично ја презема одговорноста Финансиската полиција да функционира со висок степен на интегритет и транспарентност.

Во однос на идните активности, директорот најави дека во 2026 година институцијата ќе продолжи уште поодлучно, со засилени истраги, поголема институционална координација и јасен фокус на заштита на јавните финансии и владеењето на правото, нагласувајќи дека борбата против финансискиот криминал и корупцијата останува врвен приоритет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светот влезе во 2026 година – Новата година пристигна во Нов Зеланд, Тонга и Самоа со спектакуларна прослава
Следна Статија Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Бугарски аналитичари: Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ

Христијан Мицкоски е премиерот кој за првпат го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ, сметаат бугарски аналитичари. -Мицкоски што ѝ…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Ќе ги прифатиме барањата за надзорна расправа и Анкетна за трагедијата во Кочани, но проширена и со другите трагедии

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и…

November 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Дебарско-кичевската епархија доби нов митрополит. Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, денеска со Божествена литургија со…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот парламент ќе отфрли каков било „план Б“ за Македонија

Бугарскиот парламент подготвува декларација за отфрлање на неодамнешните обиди за протуркување на „план Б“ за отклучување на почетокот на преговорите…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?