Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По повеќе од шест децении, Охридскиот аеродром конечно е легализиран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > По повеќе од шест децении, Охридскиот аеродром конечно е легализиран
ЕКОНОМИЈА

По повеќе од шест децении, Охридскиот аеродром конечно е легализиран

Објавено December 31, 2025 14:06
Сподели
Сподели

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој функционира уште од 1970-тите години, конечно е впишан во катастар и доби имотен лист, со што по повеќе од 60 години е целосно легализиран. Веста ја соопшти министерот за транспорт, Александар Николоски, во објава на социјалните мрежи на последниот ден од 2025 година.

Како што информира Николоски, во текот на изминатата година интензивно работел заеднички тим составен од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ Македонија, во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други надлежни институции, со цел решавање на долгогодишниот имотно-правен статус на овој стратешки објект.

Министерот посочува дека во нормални услови ваков административен чекор не би претставувал вест, но поради, како што наведува, децениската негрижа и запоставување на државниот капитал, смета дека јавноста треба да биде информирана за овој значаен исчекор.

Воедно, Николоски најавува дека во наредниот период ќе следат активности за модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром, со цел зголемување на неговите капацитети и привлекување нови туристи, што би придонело за дополнителен развој на туризмот во регионот.

На крајот од објавата, министерот упати честитка до граѓаните, посакувајќи им убава и среќна Нова 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Нашите ученици се радоста и гордоста на оваа земја – 2026 нека биде година на знаење
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже за политички прогон – Судиите и обвинителите во случајот „Сокол“ се кадар и мрежа на Заев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Да не се крева паника: Се користат и старите и новите банконоти од 50 евра

Последниве неколку дена се појави информација дека истекува важноста на банкнотите од 50 евра, издадени пред 2017, наводно со цел…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот во октомври пониски за 0.7%, а цените на мало за 0.1%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на септември годинава, бележи намалување од 0.7, а…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?

Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за…

April 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Биткоинот постави нов рекорд, надминувајќи ја границата од 124.000 долари

Биткоинот во средата навечер накратко ја надмина вредноста од 124.000 долари, поставувајќи нов историски рекорд и продолжувајќи го повеќенеделниот раст.…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?